Повик за учество на NextBank, награден хакатон за студенти, во организација на НЛБ Банка и Економски фaкултет – Скопје!

Покана за учество на NextBank Хакатон: BankAI!

 Дали имаш идеи кои ќе го обликуваат идниот банкарски свет?

 Дали сакаш да ги користиш своите вештини во вештачка интелигенција и да ги примениш за создавање на иновации во банкарството?

 Придружи се на NextBank двoдневен хакатон на кој ти ќе бидеш двигател на иднината во банкарството!

 

Можност за студентите на Економски факултет – Скопје и студентите од останатите факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј – Скопје“ да се приклучат на NextBank Хакатон и да бидат дел од иднината на банкарството, користејќи ja вештачката интелигенција!

NextBank: BankAI Student-driven AI Innovation in Banking Датум: 16.06 – 20.06.2025

Локација: Економски факултет Скопје

Зошто да учествуваш?

  • Развивање иновации за банкарскиот сектор користејќи
  • Работа во тимови со студенти од различни факултети, размена на идеи и креативни решенија.
  • Трансформација на различни аспекти на банкарското работење: од подобрување на корисничкото искуство, пакет за млади до детектирање на измами и одржливи вложувања.
  • Менторска поддршка од експерти во финансискиот и академскиот сектор.

Како ќе изгледа процесот?

  • Ден 1: Воведни предавања и презентација на предизвиците, формирање на тимови и brainstorming сесии со ментори.
  • Ден 2: Развивање на идеи, подготовка на финални презентации и нивно претставување пред комисија составена од банкарски експерти. Награди

Натпреварувај се за:

  • 1000 евра за тимот кој ќе освои прво место
  • 750 евра за тимот кој ќе освои второ место
  • 500 евра за тимот кој ќе освои трето место
  • Пристап за наградените до Udemy learning платформата до крајот на 2025 година
  • Учество на развојни обуки и тренинзи во организација на Банката
  • Можност за продолжување на соработката преку учество во други или слични проекти во банката, практична работа или кариерен почеток.

Како да учествуваш?

  1. Пријави се како поединец (ќе бидете распределени во тим) или во тим од 3 до 5 студенти (студенти од различни факултети и дисциплини се охрабрени да се пријават).
  2. Пријави се или пријави тим на nlbhackathon@nlb.mk најдоцна до 06.2025

година со достава на кратка предлог идеја за иновација во банкарството.

  1. Размисли за иновативни AI решенија кои ќе ја трансформираат банкарската индустрија.
Comments are closed.
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.