fbpx

Проф. д-р Николина Паламидовска-Стерјадовска од Економски факултет-Скопје – најдобар научник во областа на општествените науки за 2019 година

Почитувани,

 

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на науката, 10-ти ноември, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје традиционално ги промовира најдобрите научници и уметник на УКИМ во одделни научноистражувачки подрачја, кои постигнале врвни научноистражувачки резултати во изминатата година. 

 

Особена чест и задоволство имаме што за најдобар научник во областа на општествените науки за 2019 е промовирана проф. д-р Николина Паламидовска-Стерјадовска од Економски факултет-Скопје. 

 

Проф. д-р Паламидовска-Стерјадовска е вонреден професор на катедрата по маркетинг каде на прв циклус студии ги предава предметите Маркетинг истражување и Односи со јавноста, а активно е вклучена и на студиите од втор и трет циклус. Нејзини главни области на истражување се применето маркетинг истражување, истражување на комуникациите на компаниите, истражување на однесувањето на потрошувачите, задоволство на потрошувачите и квалитетот на услугата. Автор е на повеќе научни трудови објавени во домашни, како и во меѓународни научни списанија реферирани во Thomson Reuters и во Scopus. 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.