Склучен Меморандум за соработка помеѓу Економски факултет – Скопје и Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија

Во текот на денешниот ден, деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф. д-р Предраг Трпески, беше домаќин на претседателот на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, м-р Марко Бислимоски.

Во рамки на остварената средба, се разговараше за прашања кои се од заеднички интерес. Во таа насока се потпиша и Меморандум за соработка помеѓу двете страни со кој се утврдува рамката во која ќе се реализира соработката за работи од заеднички интерес, базирани на искористувањето на научно – стручните и професионалните услови на двете страни, насочени кон унапредувањето на едукативните, истражувачките и апликативните активности.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.