fbpx

Е-бизнис менаџмент – двегодишни студии (студиска програма 2017/2018)

Услови за запишување и напредување на студиите

На студиската програма по Е-бизнис менаџмент можат да се запишат студенти кои завршиле тригодишни додипломски студии или завршиле студиска програма од прв циклус студии според ЕКТС со вкупен број на 180 кредити.

На студиската програма можат да се запишат студенти од било која област бидејќи е-бизнис моделите кои се предмет на изучување на студиите се користат во сите области на општеството и економијата.

По завршувањето на предвидените активности, се добива диплома Магистер по економски науки од областа на е-бизнис менаџмент.

Компетентност за работни места

  • работни места во областа на бизнисот и на економијата кои базираат на поинтензивно користење на ИКТ (информациско-комуникациски технологии);
  • менаџери на компании коишто интензивно користат веб базирани технологии во контактите со добавувачите, купувачите, финансиските институции и јавниот сектор;
  • менаџери кои организираат дизајнирање и развој на веб базирани информациски системи во големи, средни и мали претпријатија;
  • работни места во јавниот сектор кои користат веб базирани услуги кон граѓаните и компаниите;
  • работни места во компании за дизајнирање и користење на веб базирани технологии;
  • маркетинг менаџери кои развиваат маркетинг стратегии преку интернет и други безжични технологии;
  • менаџери на дигитални претпријатија;
  • вршење на консултантски услуги поврзани со дизајнирање и имплементација на е-бизнис решенија во приватниот и јавниот сектор.

Општи и специфични компетенции

  • Преку континуиран трансфер на современи и продлабочени знаења за примената на новите информациско-комуникациски технологии во деловното работење, студентите по завршувањето на студиската програма од втор циклус студии по Е-бизнис менаџмент ќе се стекнат со следните генерички (општи) компетенции:

    • Способност за работа во интердисциплинарни тимови во организации во глобално и мултикултурно окружување;
    • Способност за анализа, синтеза и критичка евалуација на факти и решавање на бизнис проблеми;
    • Способност за поврзување на теоретските знаења со нивна практична примена;
    • Способност за креативност и иновативност при создавање на нови идеи и решенија;
    • Способност за донесување на квалитетни бизнис одлуки.

    Студентите ќе се стекнат и со следниве специфични компетенции:

    • Стекнување продлабочени знаења за современите светски практики на менаџирање на е-бизнис;
    • Способност за препознавање на потенцијалите и можностите од информациско-комуникациските технологии како потикнувачи на промените во економијата базирана на знаење;
    • Способност за истражување и предвидување на потребите од имплементација на е-бизнис решенија во областа на бизнисот и економијата;
    • Способност за дизајнирање, креирање, имплементација и менаџирање со е-бизнис решенија и веб базирани информациски системи во согласност со стратегиските цели на организациите;
    • Способност за идентификување, мапирање, анализирање и презентирање подобрени бизнис процеси;
    • Стекнување на консалтинг вештини од областа на е-бизнисот во приватниот и јавниот сектор;
    • Способност за развивање маркетинг стратегии преку интернет и други безжични технологии;
    • Способност за разбирaње и анализирање на теориите и практиките во рамките на е-влада;
    • Способност за менаџирање со синџирот на снабдување;
    • Способност за продолжување на образованието во трет циклус студии.
Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 550 Менаџмент на синџирот на снабдување 40 7,00 Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска
EBU 560 Бизнис информациски системи 40 7,00 Проф. д-р Сашо Јосимовски
Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 580 Оперативна стратегија 40 7,00 Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска
Семестар   3
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 510 Дизајнирање на бизнис процеси во е-бизнис 40 7,00 Проф. д-р Калина Треневска Благоева Проф. д-р Марина Мијоска
EBU 310 Бази на податоци за бизнис 40 8,00 Проф. д-р Сашо Јосимовски
Теренска настава 6,00 Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска
Семестар   4
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU Магистерски труд 16,00
Зимски семестар – прв семестар
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 590 Модерни технологии за е-бизнис 40 7,00 Проф. д-р Сашо Јосимовски Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска
EBU 530 Интернет маркетинг апликации и алатки 40 7,00 Проф. д-р Димитар Јовевски
EBU 360 Е-бизнис иновации 40 8,00 Проф. д-р Мијалче Санта
Летен семестар – втор семестар
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 520 Е-влада 40 7,00 Проф. д-р Калина Треневска Благоева Проф. д-р Марина Мијоска
EBU 570 Менаџмент со информациски технологии 40 7,00 Проф. д-р Сашо Јосимовски
EBU 540 Глобални информациски инфраструктури 40 7,00 Проф. д-р Мијалче Санта
MGT 310 Стратегиски менаџмент 40 7,00 Проф. д-р Љубомир Дракулевски
MGT 370 Проектен менаџмент 40 7,00 Проф. д-р Сашо Арсов
Зимски семестар – трет сместар
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EBU 420 Менаџмент на односи со потрошувачи 40 7,00 Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска
EBU 410 ЕРП системи 40 8,00 Проф. д-р Калина Треневска Благоева
Изборен предмет од листа на УКИМ
Летен семестар –четврт семестар
         Код         Предмет                    Часови     Кредити     Предавачи
EBU 330 Веб дизајн и развој                         40            8,00 Проф. д-р Мартин Михајлов
МКТ 460 Маркетинг преку социјални медиуми                       40           8,00 Проф. д-р Димитар Јовевски
EBU 5901 Примена на научно-истражувачки методи во електронскиот бизнис                    40            7,00 Проф. д-р Сашо Јосимовски Проф. д-р Калина Треневска Благоева Проф. д-р Лидија Пулевска Ивановска
Изборен предмет од Листа на УКИМ            7,00

Линк до Е-бизнис менаџмент – двегодишни студии (студиска програма 2022/2023)

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.