fbpx

Е-бизнис менаџмент – двегодишни студии (студиска програма 2022/2023)

Раководител: проф. д-р Сашо Јосимовски

Секретар: проф. д-р Лидија Пулевска-Ивановска

Оделение за студентски прашања: 02/3286-829

Мисијата на студиската програма по Е-бизнис менаџмент е едуцирање на високо-образовни стручни кадри кои ќе ги следат и применуваат технолошките иновации и ИКТ во економијата и бизнисот, како и оспособување на професионалци од областа на е-бизнисот за управување и решавање на истражувачки и апликативни проблеми во е-бизнис окружување. Трендовите на функционирање на модерното бизнис окружување и неговите потреби создаваат потреба од нови дигитални вештини, кои ќе се развијат врз основа на користењето на информациско-комуникациските технологии. Дигиталната трансформација на организациите става акцент на е-бизнисот, при што е потребен високо-обучен кадар од оваа област на стратешко ниво за успешно функционирање.

Студиската програма од втор циклус студии по Е-бизнис менаџмент која се предлага со овој елаборат има за цел да им овозможи на студентите стекнување на специјализирани знаења и вештини од областа на е-бизнисот и развој на аналитички и менаџерски способности неопходни за успешно управување на претпријатијата во глобално дигитализирано окружување. Преку трансфер на искуства за современите светски практики на водење на е-бизнис, студентите на академските магистерски студии по Е-бизнис менаџмент ќе бидат оспособени успешно да управуваат конкурентни претпријатија од приватниот и од јавниот сектор во услови на интезниво користење на ИКТ.

Подготовката на студиската програма е базирана на детална анализа на пазарните индикатори, како и потребите на општеството на локално ниво и глобално ниво. Студиската програма е структуирана со цел да овозможи стекнување на релевантни знаења, вештини и квалификации од пошироката област на е-бизнисот, како и да овозможи висока специјализација на кадри според потребите на пазарот. Имплементацијата на е-бизнис решенија на пазарот покажува значителен раст, особено во последните неколку години преку настани на светско ниво кои ја поттикнаа потребата за забрзана дигитална трансформација на организациите.

Преку студиската програма ќе се овозможи продлабочување на постоечките знаења на студентите од областа на е-бизнисот, како и квалификување за новите работни места на пазарот базирани на бизнис ИКТ технологии, преку стекнување на нови компетенции и специфични вештини. Трендот на раст на е-бизнисот се очекува да продолжи со стабилен раст во иднина, при што побарувачката за овие кадри се очекува да се зголеми.

Со комплетирањето на студиската програма, магистрираните студенти уживат голем број на предности на пазарот на труд, базирајќи се на нивната специјализација за ново и модерно поле, кое ќе им овозможи и понатамошен развој во кариерата.

КодНазив на наставниот предметСеместарНеделен фонд
на часови
ЕКТС
ПВ
ПРВА ГОДИНА
ПРВ СЕМЕСТАР
EBU 560Бизнис информациски системиПрв24166
EBU 550Менаџмент на синџирот на снабдувањеПрв24166
Изборен предмет од Економски факултет*Прв24169
Изборен предмет од Економски факултет*Прв24169
ВТОР СЕМЕСТАР
EBU 580Оперативна стратегијаВтор24166
EBU 570Големи податоци и корисничко искуствоВтор24166
EBU 540Глобални информациски инфраструктуриВтор24166
EBU 530Интернет маркетинг апликации и алаткиВтор24166
EBU 520Е-владаВтор24166
ТРЕТ СЕМЕСТАР
EBU 510Дизајнирање на бизнис процесиТрет24166
EBU 5901Примена на научно-истражувачкиметоди во електронскиот бизнисТрет24166
Изборен предмет од Економски факултет*Трет24169
Изборен предмет од Економски факултет*Трет24169
ЧЕТВРТ СЕМЕСТАР
EBU 5902Бази на податоци за бизнисЧетврт24166
EBU 5903Менаџмент на односи со потрошувачиЧетврт24166
EBU 5904ЕРП системиЧетврт24166
Магистерски труд12
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.