Важна информација

Почитувани,

во тек е ажурирање на содржините на новата веб страна на Економскиот факултет – Скопје и поради тоа може да има одредени задоцнувања. Последни информации за студиумот, врз основа на акредитацијата, може да добиете на следниов ЛИНК

Сметководство и ревизија - двогодишни студии

Студиската програма на втор циклус студии – Сметководство и ревизија е во траење од 2 семестри и вклучува изработка и на магистерски труд.

Структура на предметите е следната:

  • Осум задолжителни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање (максимум 60% од вкупниот број предвидени предмети)
  • Четири изборни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање ( 30% од вкупниот број предвидени изборни предмети од листата на Економски факултет -Скопје)
  • Два изборни предмети(10% од вкупниот број предвидени предмети) од Листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.

Образовни цели

  1. Да обезбеди теоретска основа и практични вештини за осознавање и разбирање на барањата на извонредно комплексното и глобално сметководствено окружување;
  2. Да запознае со основните принципи на организацијата, различните пристапи на менаџмент контрола и современите методи и техники за интерно известување за резултатите на сметководството за менаџментот; 
  3. Осознавање на природата, содржината и формата на екстерното известување и одговорноста на раководството пред сопствениците и останатите корисници на финансиски информации (државните и регулаторни органи, кредиторите, деловните партнери, вработените, невладини и непрофитни организации и тн.);
  4. Помогне во разбирање на улогата на ревизорската професија во зголемување на кредибилитетот на финансиските извештаи на компаниите, државните претпријатија и институции, како и разбирање на нејзиниот придонес за подобрување на контролата и користењето на ресурсите;
  5. Да обезбеди дополнителни знаења од областа на финансиите и финансирањето на претпријатијата како и имплементацијата и користењето на компјутерски апликации за цели на екстерно и интерно известување.

Професионални цели

  1. Високо и специјализирано образование на кадар кој е заинтересиран за изградба на кариера во доменот на финансиското известување согласно барањата на МСФИ, ревизијата на финансиските извештаи на компаниите, интерната ревизија во банки и други финансиски и нефинансиски организации, државната ревизија, менаџмент, финансиски и даночен консалтинг, како и  останати професионални сметководствени услуги.
  2. Полесен пристап до членство во сметководствената и ревизорска професија во домашни и меѓународни рамки преку компатибилност на програмата со барањата на меѓународните образовни стандарди.

Во согласност со мисијата и целите на студиската програма од втор циклус студии по Сметководство и ревизија, студентите ќе се стекнат со следните генерички компетенции:

  • Способност за анализа, синтеза и критично истражување на податоци, факти и изнаоѓање на најповолно решение;
  • Способност за поврзување на теоретското и практичното знаење;
  • Способност за читање, разбирање и правилно толкување на меѓународната професионална регулатива;
  • Способност за применување и дејствување во согласност со меѓународната професионална регулатива и етика;
  • Сочинување на финансиски извештаи на сите компании, приватен и јавен сектор, како дел од нивните законски обврски.

Поконкретно, студентите ќе се стекнат и со следните специфични компетенции:

  • Сочинување на финансиски извештаи на ентитети од приватниот сектор во согласност со Меѓународните сметководствени стандарди и Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување;
  • Сочинување на финансиски извештаи на единици од јавниот сектор во согласност со Меѓународните Сметководствени Стандарди за Јавен Сектор;
  • Сочинување на различни интерни извештаи и анализи во согласност со стратегијата на компаниите со цел донесување на правилни одлуки;
  • Анализирање на финансиските извештаи во насока на носење одлука било за кредитирање или за инвестирање во одредени компании;
  • Вршење ревизија на компании кои се обврзани со закон;
  • Вршење државна ревизија во сите корисници на Буџетот и единици на локална самоуправа;
  • Успешно водење на финансиите на ентитетите и носење на правилни финансиски одлуки;
  • Мерење на успешноста на ентитетите, нивната профитабилност и рентабилност давајќи насоки и препораки за подобрување на истите;
  • Користење на информативни системи како составен дел на современите трендови во сметководството;
  • Испитување на измами во рамките на ентитетите;
  • Воспоставување на сисием на интерни контроли и следење на нивното функционирање и давање препораки за нивно подобрување.

 Способност за проценка:

  • Способен е да набљудува и идентификува важни состојби и трендови во интерното и екстерното окружување на претпријатието, да анализира и синтетизира и извлекува заклучоци за анализираните состојби и појави.
  • Развивање и унапредување на способности за тимска работа, способност за лидерство и комуникација применливи во различни претпријатија и ситуации;
  • Способен е да ги идентификува информационите потреби и  да  управува со информациите и знаењето во организациите со цел унапредување на ефикасноста и ефективноста во работењето и создавање на конкурентски предности.

Комуникациски вештини

  • Способен и да комуницира со идеи и да се усогласува во тимска работа;
  • Способен е за проценување и презентирање информации врз основа на добиените резултати.

Вештини на учење:

  • Способен е за успешно совладување на теоретските концепции, да аплицира техники и методологии во специфични научни подрачја и да ги идентификуваат потребите за натамошно надградување на стекнатото знаење;
  • Поседува способност да партиципира во групни дискусии, критички да анализира теоретски и практични аспекти од работењето на претпријатијата, да изработува и да ги презентира изработените проекти;
  • Способен е знаењето да го изрази преку одговарање на различни типови прашања и да анализира конкретни студии на случај од бизнис практиката

Зимски семестар – прв сместар

КодПредметНаставникБрој на часови ЕКТС
ACC 511Екстерно известувањеПроф. д-р Атанаско Атанасовки407
ACC 513РевизијаПроф. д-р Зорица Божиновска-Лазаревска407
FIN 210Финансиски пазари и институцииПроф. д-р Кирил Јовановски407
ACC 330Корпоративно финансиско известувањеПроф. д-р Атанаско Атанасовки407
 Изборен предмет од листа на УКИМ  2

Студентот бира еден изборен предмет од листата на УКИМ

Летен семестар – втор семестар

КодПредметНаставникБрој на часови ЕКТС
ACC 310Управувачко сметководствоПроф. д-р Марина Трпеска408
ACC 430Интерна ревизијаПроф. д-р Зорица Божиновска-Лазаревска408
 Изборен предмет од листа на студиумот  7
 Изборен предмет од листа на студиумот  7

Студентот бира два изборни предмети од листата на студиумот

Зимски семестар – трет сместар

КодПредметНаставникБрој на часови ЕКТС
ACC 514Анализа на финансиски извештаиПроф. д-р Зоран Миновски407
 Изборен предмет од листа на студиумот  7
 Изборен предмет од листа на студиумот  7
 Изборен предмет од листа на УКИМ  7

Студентот бира два изборни предмети од листата на студиумот и еден предмет од листата на УКИМ

ЛЕТЕН семестар – четврти сместар

Код

Предмет

Наставник

Број на часови

ЕКТС

Статус на предмет

ACC 512

Стратегиско сметководство на менаџментот

Проф. д-р Марина Трпеска

40

7

задолжителен

 

Теренска настава

 

40

6

задолжителна

 

Магистерски труд

  

16

 

Зимски семестар – прв сместар

КодПредмет              НаставникБрој на часови ЕКТССтатус на предмет
 Изборен предмет од листа на УКИМ  2изборен

Студентот бира еден предмет од листата на УКИМ

Летен семестар – втор семестар

КодПредметНаставникБрој на часови ЕКТССтатус на предмет
ACC 519Финансиски менаџментПроф. д-р Сашо Арсов407изборен
Проф. д-р Александар Наумовски
ACC 517Државна ревизијаПроф. д-р Зорица Божиновска-Лазаревска407изборен
ACC 516Сметководствени информациони системи и технологииПроф. д-р Зоран Миновски407изборен
ACC 520Даночно сметководствоПроф. д-р Атанаско Атанасовки407изборен
FIN 410Банкарски менаџментПроф. д-р Елена Наумовска408изборен
Проф. д-р Горан Петрески
Проф. д-р Ѓорѓи Гоцков
Проф. д-р Кирил Јовановски
MST 310ОсигурувањеПроф. Игор Ивановски408изборен
ECN 310Економија на инвестицииПроф. д-р Александар Наумовски408изборен

Студентот бира два изборни предмети од листата на студиумот

Зимски семестар – трет сместар

КодПредмет                 НаставникБрој на часови ЕКТССтатус на предмет
ACC 522Сметководство за држави и непрофитни организацииПроф. д-р Зоран Миновски407изборен
ACC 518Испитување на измамиПроф. д-р Зорица Божиновска-Лазаревска407изборен
ACC 515Мерење на резултатиПроф. д-р Марина Трпеска407изборен
MGT 130Организациско однесувањеПроф. д-р Љубомир Дракулевски407изборен
MGT 240 Менаџмент на човечки ресурсиПроф. д-р Љупчо Ефтимов407изборен
ACC 521ОданочувањеДоц. д-р Сузана Макрешанска407изборен
 Изборен предмет од листа на УКИМ 407изборен

Студентот бира два изборни предмети од листата на студиумот и еден предмет од листата на УКИМ

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.