Е-бизнис – студиска програма 2022/2023

Прв циклус студии · Департман Е-бизнис

4 години8 семестри
23задолжителни предмети + дипломска работа
9изборни предмети, од 71 понудени
7,5ЕКТС кредити по предмет

Цел на студиската програма по Е-бизнис е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на информациските системи за деловно работење и е-бизнисот, како и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели, студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентот да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

1Знаење и разбирање

  • Стекнува продлабочени знаења за современите светски практики од областа на е-бизнисот и е-комерцијата;
  • Стекнува знаења од областа на дигиталната економија и создавањето на вредност во дигиталната економија;
  • Стекнува знаење од областа на бизнис информациските системи, менаџментот на ИКТ, мрежните пазари и конкуренцијата;
  • Стекнува способност и знаење за поддржување на дигитализацијата и бизнис стратегијата на претпријатијата;
  • Стекнува знаење од областа на дигиталниот маркетинг, системите за управување на односите со купувачите, комплексните мрежни комуникации, како и користење на социјалните медиуми во насока на остварување на бизнис стратегиите;
  • Стекнува знаења од областа на управувањето со синџирот на снабдување и нивната поврзаност со синџирите на создавање додадена вредност во производството и мрежите на вредност;
  • Стекнува потребно знаење и вештини за дефинирање и анализирање на бизнис процесите, како и управување со нив во насока на подобрување на организациските перформанси;
  • Стекнува знаење за основните елементи на компјутерските програмски јазици за развој, имплементација и менаџирање на бизнис апликации;
  • Стекнува знаење за специфични софтверски алатки имплементирани во претпријатијата, презентирајќи ги од теоретски и практичен аспект.

2Примена на знаењето и разбирањето

  • Способност за дизајнирање, креирање, имплементација и менаџирање со е-бизнис решенија и веб базирани информациски системи во согласност со стратегиските цели на организациите;
  • Да ги применува теоретските знаења со помош на кои успешно развива интернет маркетинг комуникациски план;
  • Да ги искористат потенцијалите на информациските системи за дигитализација на синџирот на снабдување;
  • Самостојно комбинира и развива план за тоа како соодветни ИКТ можат да бидат користени од страна на компаниите за да ја поддржат имплементацијата на е-бизнисот;
  • Да ги употребуваат најновите технологии и трендови при изработката на веб решенија, да изработат веб сајт и да ги применуваат основните правила и алатки за креирање на веб содржини;
  • Да користат податоци од истражувања, трансакции, интернет, социјални мрежи и сл. за мерење и менаџирање на односите со потрошувачите;
  • Да ги применат потенцијалите на информациските системи за поддршка на имплементирањето на CRM концептот во бизнис практиката;
  • Ги применува теоретските принципи за имплементирање на софтверски алатки за деловно работење;
  • Да ги применуваат стекнатите вештини во реални сценарија.

3Способност за проценка

  • Покажува способност за анализа на е-бизнис процесите и идентификување на релевантните информации, неопходни за менаџирањето со овие процеси;
  • Покажува способност за идентификување и прибирање на релевантни примарни и секундарни податоци, неопходни за истражување на проблемите и ситуациите со кои се соочуваат компаниите во дигиталното окружување;
  • Студентите ќе бидат способни да одредат/проценат и имплементираат соодветна методологија за развој на информациски системи;
  • Демонстрира способност за анализа на податоци и интерпретација на добиените резултати и нивна примена во насока на унапредување на конкурентноста на претпријатијата во глобалното дигитално окружување.

4Комуникациски вештини

  • Покажува способност за тимска работа, иницира дискусии, но и активно го слуша соговорникот.
  • Успешно ги применува принципите и кодексите на професионалното деловно комуницирање.
  • Покажува способност за успешна презентација на добиените резултати од спроведените истражувачки проекти.
  • Поседува разбирање на психолошките процеси врз основа на кои се базира човековото однесување генерално, како и интеракциите со ИКТ.

5Вештини за учење

  • Поседува развиени вештини за учење – читање, меморирање, слушање, интерактивно учество, набљудување и анализа.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на презентираните идеи, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача.
  • Ги препознава сопствените интереси во областа на е-бизнисот и успешно се стекнува со нови знаења и вештини.