Цели на студиската програма:
Со развојот на компаниите и особено со развојот на интернетот и социјалните медиуми, компаниите се исправени пред предизвикот да се прилагодат на тие промени, и да бидат генератори на промените. Со цел да држат чекор со конкуренцијата на домашниот и меѓународниот пазар без разлика дали се пристутни офлајн и/или онлајн на пазарот, дефинирањето на најдобрата маркетинг-стратегија и градењето посакувана позиција на брендот на пазарот е од клучно значење за постигнување деловен успех. За таа цел компаниите треба да применат холистички маркетинг-пристап и успешно да ги имплементираат активностите кои се однесуваат на маркетинг-планирање, маркетинг-истражување, да дефинираат соодветни стратегии на производ и иновации, стратегии на дистрибуција, стратегии на цени и интегрирани маркетинг-комуникации, како и да стават фокус на креативноста, на дигиталните маркетинг-активности и маркетинг-активностите преку социјални медиуми. Во услови на работење како на домашниот, така и на странските пазари кои преку интернетот стануваат лесно достапни, за компаниите е особено важно вработените да бидат обучени за примена на маркетинг-концепцијата преку ефективно искористување на сите офлајн и онлајн маркетинг-алатки и техники кои стојат на располагање. Тоа создава потреба од студиска програма за прв циклус студии од областа на маркетингот, која ќе понуди соодветни знаења, способности и вештини од офлајн и онлајн маркетингот. Ваквите знаења, способности и вештини се неопходни за сите оние кои се ангажирани во деловните компании како бренд-менаџери, акаунт-менаџери во маркетинг-агенции, аналитичари на пазар, специјалисти за маркетинг-истражување, менаџери за развој на производи, специјалисти за дигитален маркетинг, слецијалисти за маркетинг преку социјални медиуми, маркетинг-менаџери, специјалисти за маркетинг-комуникации, специјалисти за односи со јавност, специјлисти за цени, специјалисти за управување со односите со купувачите итн., но и за оние ангажирани во институциите од јавниот сектор кои се тесно поврзани со работењето, регулацијата и контролата на аудио и аудиовизуелните медиуми, онлајн медиумите и електронските комуникации генерално, со следење на пазарот, привлекување странски инвестиции, како и во делот на комуницирањето со јавноста и односите со јавноста. Исто така, со стекнатите знаења и вештини, студентите се оспособуваат за отпочнување свој бизнис кој ќе нуди услуги од областа на маркетингот. Паралелно, стекнатото маркетинг-знаење и вештини ги оспособува студентите за правење научно-стручна и независна анализа и евалуација на имплементираните маркетинг-кампањи со цел следење на резултатите и предлагање мерки за поефикасно и поефективно спроведување на идните маркетинг-кампањи, односно ги оспособува за критичка оцена на презентираните идеи, нудење оригинални решенија и успешно справување со секоја поставена задача во доменот на маркетингот во секојдневното работење и живеење.
Студиската програма по Маркетинг е структурирана на начин што овозможува стекнување знаења и квалификации од офлајн и онлајн маркетингот. По завршувањето на студиите од прв циклус по маркетинг, студентите ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат и унапредуваат во повеќе кариерни дисциплини: анализа на пазар, анализа на однесување на потрошувачите, маркетинг-истражување, маркетинг-планирање, маркетинг-одлучување, анализа и оценка на позицијата на брендот, офлајн и оналјн медиуми за комуникација итн.
Преку знаењата стекнати на студиската програма по маркетинг, студентите ќе бидат подготвени за успешна кариера и во приватниот (бизнис) сектор и во јавниот сектор. Кариерата во јавниот сектор се однесува на различни регулаторни агенции (Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Агенција за електронски комуникации, Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот и сл.), министерства (посебно за економските ресори), но и сите други министерства во секторот за комуникација и односи со јавноста. Кариерата во приватниот сектор се однесува на: маркетинг-агенциии, агенции за дигитален маркетинг, агенции за истражување на пазар, телекомуникациски компании, банки и други финансиски институции, во маркетинг-одделите на приватни трговски друштва од различни секторидејности, како и основање и градење сопствена компанија преку примена на стекнатите знаења и вештини од областа на маркетингот. Исто така, со оглед на примената на маркетинг-концепцијата и во невладиниот сектор, знаењата стекнати на оваа студиска програма може успешно да се применат и кај невладините организации, но и кај меѓународните организации и институции.
Дипломираниот економист од областа на маркетингот ги познава основите економски законитости и појави и владее со техники за анализа на процесите и состојбите, како и предлагање и избор на решенија за согледаните проблеми.
СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ:
Дипломираниот економист од областа на маркетингот се оспособува за примена на техники за управување со маркетинг активностите на компаниите, т.е. со управување на производот, цената, дистрибуцијата и промоцијата. Дополнително, дипломираниот економист од областа на маркетингот се оспособува за примена на методи за истражување на пазарот, однесувањето на потрошувачите и на маркетинг инструментите. Според тоа, работните места на кои овие кадри можат да се вработуваат се компаниите од приватниот и јавниот сектор, јавните установи и јавната управа, граѓанските здруженија и други институции.
Општи и специфични дескриптори на квалификацијата
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
Знаење и разбирање:
Примена на знаењето и разбирањето:
Способност за проценка:
Комуникациски вештини:
Вештини на учење:
Прва година задолжителни предмети | ||||
Ред. бр. | Шифра | Предмет | Часови | ECTS |
Зимски семестар | ||||
1 | ECN 110 | Основи на економијата | 6+0 | 8 |
2 | MST 110 | Математика за економисти | 4+2 | 8 |
3 | АCC 110 | Основи на сметководство | 4+2 | 8 |
Летен семестар | ||||
4 | MST 120 | Статистика за бизнис и економија | 4+2 | 8 |
Втора година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар | ||||
5 | MGT 210 | Основи на менаџмент | 6+0 | 8 |
6 | MKT 210 | Основи на маркетинг | 4+2 | 8 |
7 | MKT 220 | Однесување на потрошувачите | 4+2 | 8 |
Летен семестар | ||||
8 | MKT 230 | Управување со маркетинг каналите | 4+2 | 8 |
Трета година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар | ||||
9 | MKT 310 | Маркетинг менаџмент | 4+2 | 8 |
10 | MKT 320 | Интегрирани маркетинг комуникации | 4+2 | 8 |
11 | MKT 340 | Управување со производот | 4+2 | 8 |
12 | MGT 390 | Финансиски менаџмент | 6+0 | 8 |
Летен семестар | ||||
13 | MKT 330 | Политика на цени | 4+2 | 8 |
14 | EBU 220 | Интернет маркетинг | 4+2 | 8 |
Четврта година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар | ||||
15 | MKT 410 | Маркетинг истражување | 4+2 | 8 |
16 | MKT 420 | Меѓународен маркетинг | 4+2 | 8 |
17 | MGT 320 | Менаџмент информациони системи | 6+0 | 8 |
Летен семестар | ||||
18 | MKT 430 | Маркетинг на услуги | 4+2 | 8 |
19 | MGT 430 | Деловно комуницирање | 4+2 | 8 |
Дипломска работа | 3 |
Наставен план 2008/2009
Информација за еквиваленција на положени испити според старите наставни планови може да се види ОВДЕ.
Според Акредитацијата на Наставниот план 2008/2009, во текот на студирањето студентот треба да положи 23 задолжителни и минимум 8 изборни предмети и притоа да освои минимум 240 кредити.
Наставниот план 2008/2009 за департманот маркетинг може да се симне од следниов ЛИНК
Наставен план 2012/2013
Според Акредитацијата на Наставниот план 2012/2013, во текот на студирањето, студентот треба да положи 19 задолжителни предмети (60% од вкупниот број на предмети), 9 изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет (30% од вкупниот број на предмети), а останатите 3 изборни предмети студентите ги бираат од листата на предмети на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, на која се вклучени и предмети на Економскиот факултет (10% од вкупниот број на предмети).
Студентите од прва година одбираат изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет, кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 како прв (пример шифра MGT 120), студентите од втора година одбираат предмети кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 и / или 2 како прв (пример шифра MGT 240 и/или MGT 120), итн.
Наставниот план 2012/2013 за департманот маркетинг може да го видете на следниов ЛИНК
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани