fbpx

🩸КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО КАМПУСОТ НА УКИМ 📍(во просториите на Економскиот факултет-Скопје) !

Универзитетското студентско собрание на УКИМ во соработка со факултетските студентски собранија и Центарот за дарување крв при Институт за трансфузиона медицина организираа крводарителска акција на универзитетско ниво.
Економскиот факултет-Скопје ја изразува својата огромна благодарност до Универзитетското студентско собрание на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и претседателката Ева Цветковска, до Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет-Скопје и претседателката Дафина Андонова, како и на сите студенти кои беа вклучени во организирање на овој хуман настан.
Голема благодарност и до студентите кои несомнено, на дело ја покажаа својата хуманост дарувајќи крв во просториите на Економскиот факултет-Скопје.
Уште еднаш покажуваме дека хуманоста е основната нишка преку која се додава нова вредност на нашето работење преку реализирање на вакви активности со кои веруваме дека придонесуваме во градењето на едно похумано општество во кое човечкиот живот и неговата добросостојба ќе бидат во фокусот на секој од нас.
 
Срдечно,
Проф. д-р Предраг Трпески
ДЕКАН
Економски факултет-Скопје, УКИМ
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.