м-р Ирена Богоевска Гаврилова
Асистент

Катедра - Маркетинг

irena.bogoevska.gavrilova@eccf.ukim.edu.mk

Google Scholar
ORCID
ResearchGate

Приемно време:
Понеделник: 13:00 - 14:00ч.
Вторник: 12:00 - 13:00ч.
Четврток: 10:00 - 12:00ч.

Ирена Богоевска-Гаврилова е родена во Скопје. По завршување на средното образование во гимназијата “Орце Николов“ во Скопје, своето високо образование го продолжува на Економски факултет-Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломира на департманот Е-бизнис, академската 2012 година, со просечен успех 9,72, при што се стекнува со стручен назив: дипломиран економист. Истата година го продолжува своето образование и на вториот циклус на студии при Економски факултет-Скопје, на студиската програма по Маркетинг, каде што во рок ги завршува сите обврски по студиската програма со просечна оценка 10,00. Во 2015 година, со одбрана на својот завршен труд под наслов: “Перцепциите на вработените за улогата на маркетинг-менаџерите во трговските друштва во Македонија“, се стекнува со стручен назив: магистер на економски науки во областа на Маркетинг. Моментално е студент на трет циклус на студии во рамките на Школата за докторски студии на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје. На Економскиот факултет-Скопје е ангажирана во академската 2012-2013 година, како демонстратор, а во 2020 година е избрана во соработничко звање асистент докторанд на катедрата за Маркетинг.

Активно и на високо ниво ги познава англискиот, германскиот и италијанскиот јазик. Има одлично познавање на алатките на SPSS, AMOS, Adobe Dreamweaver, Adobe Photoshop и Adobe Illustrator, како и познавање на HTML компјутерски јазик.

На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензенскиот извештај.

75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.