fbpx

м-р Ирена Богоевска Гаврилова
Асистент

Катедра - Маркетинг

irena.bogoevska.gavrilova@eccf.ukim.edu.mk

Приемно време:
Понеделник: 12 -14h
Петок: 12 - 14h

Ирена Богоевска-Гаврилова е родена во Скопје. По завршување на средното образование во гимназијата “Орце Николов“ во Скопје, своето високо образование го продолжува на Економски факултет-Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломира на департманот Е-бизнис, академската 2012 година, со просечен успех 9,72, при што се стекнува со стручен назив: дипломиран економист. Истата година го продолжува своето образование и на вториот циклус на студии при Економски факултет-Скопје, на студиската програма по Маркетинг, каде што во рок ги завршува сите обврски по студиската програма со просечна оценка 10,00. Во 2015 година, со одбрана на својот завршен труд под наслов: “Перцепциите на вработените за улогата на маркетинг-менаџерите во трговските друштва во Македонија“, се стекнува со стручен назив: магистер на економски науки во областа на Маркетинг. Моментално е студент на трет циклус на студии во рамките на Школата за докторски студии на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје. На Економскиот факултет-Скопје е ангажирана во академската 2012-2013 година, како демонстратор, а во 2020 година е избрана во соработничко звање асистент докторанд на катедрата за Маркетинг.

Активно и на високо ниво ги познава англискиот, германскиот и италијанскиот јазик. Има одлично познавање на алатките на Microsoft Office, Adobe Dreamweaver, Adobe Photoshop и Adobe Illustrator, како и познавање на HTML компјутерски јазик.

На следниот линк можете да ја погледнете одлуката за избор на звање како и рецензенскиот извештај.

Учество како тренер во проект “СО-ВЕТ Социјално претприемништво како алтернатива за млади, невработени лица“, поддржан од Еразмус + Програмата на ЕУ и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во 2018 година. Проектот СО-ВЕТ се однесува на развој на социјалното претприемништво како алтернатива за младите невработени лица. Главната цел е да се надгради системот на стручното образование во оваа област.

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.