КОНКУРС за доделување на награда за млади квантитативни умови: „Славица Тодоровска”.

Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ објави конкурс за доделување на награда за млади квантитативни умови: „Славица Тодоровска”.

Се повикуваат сите млади да ги поднесат нивните идеи во форма на труд, во кој ќе бидат разработени актуелни општествени проблеми, а во трудот задолжително ќе има квантитативен дел и анализа.

 

Право на учество имаат сите државјани на Република Северна Македонија на возраст до 30 години.

Вработените и членовите на извршните органи во ЗМАИ немаат право на учество на овој повик.

Доколку трудот бил претходно објавен или спонзориран од друга организација треба да се наведе соодветна референца на датум и место на објава.

Еден автор има право да поднесе само еден труд, самостојно или како коавторство, а трудовите се поднесуваат на македонски или на англиски јазик.

Предлог теми (но не ограничувајќи се на истите) кои се опфатени на повикот се: фискални стратегии за одржлив развој, нееднаквост на приходите и економски раст, вработување и динамика на пазарот на труд, економија на климатските промени, образовни и социјални политики, иднината на монетарната политикa, и др.

 

Краен рок за поднесување: 15 октомври 2023 година.

 

Повеќе информации може да се добијат на следниот линк:

https://zmai.mk/награда-за-млади-квантитативни-умови

Со почит,

Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.