
По повод Денот на Европа,
Жан Моне Катедрата, Центарот за податоци и информации на Европската Унија (ЕУи) и Факултетското студентско собрание на Економски факултет – Скопје објавуваат
К О Н К У Р С
за избор на најдобар есеј на тема:
„Улогата на Зелената агенда на ЕУ во трансформирање на земјите од Западен Балкан: предизвици, можности и регионална соработка“
Право на учество на Конкурсот имаат студентите на прв и втор циклус на студии на Економски факултет – Скопје со тоа што еден студент има право да напише едно индивидуално дело есеј без право на ко-авторство.
Содржина на есејот:
Есејот треба да ги содржи следните елементи:
- Насловна страница
- Вовед
- Главен дел
- Заклучок
- Прилози (доколку има)
- Литература
Есејот треба да биде оригинално дело на авторот и да применува стил на референцирање според Харвард (во самиот текст) и АРА стил на користена литература.
Форма на есејот:
- Должина: од 4 до 5 страници (до најмногу 3.000 зборови) без насловната страна и прилозите
- Маргини: 2,54 cm горе, долу, лево и десно
- Фонт и големина на текст: Times New Roman, наслови 14 pt и болдирани, а текстот 12 pt
- Проред: единечен (singe line spacing)
- Порамнување: порамнето од двете страни (justified)
Рок и начин на доставување:
Есејот треба да се достави во електронска верзија (Word или PDF) од 15.3.2025 година до 15.4.2025 година на следната адреса за електронска пошта bojan.kitanovikj@eccf.ukim.edu.mk по што ќе добиете повратна информација дека есејот е примен за оценување.
За дополнителни информации обратете се до:
Координаторот на Жан Моне катедрата, проф. д-р Елена Макревска Дисоска на електронската пошта: elenam@eccf.ukim.edu.mk
Раководителот на ЕУи центарот, проф. д-р Виолета Цветкоска на адресата за електронска пошта vcvetkoska@eccf.ukim.edu.mk.
Начин на оценување и награди:
Есеите анонимно и кодирани ќе бидат евалуирани од страна на стручна тричлена комисија составена од професори на Економски факултет – Скопје.
Наградата за есејот кој ќе го освои првото место е тридневна посета во Брисел, Белгија со посета на дел од европските институции (покриени се трошоците за пат и сместување).
Втората награда ќе биде бесплатно учество на летната школа што Економски факулет-Скопје традиционално ја организира секоја година.
Третата награда се состои од промотивни материјали што ќе ги обезбеди Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.
