Конкурс за избор на најдобро видео на тема: „Северна Македонија на патот кон Европската унија: очекувања, реалност и лична перспектива на младите“

По повод Денот на Европа,

Жан Моне Катедрата, Центарот за податоци и информации на Европската Унија (ЕУи), Факултетското студентско собрание на Економски факултет – Скопје и Младинскиот сојуз-Крушево објавуваат

 

К О Н К У Р С
за избор на најдобро видео на тема:
„Северна Македонија на патот кон Европската унија: очекувања, реалност и лична перспектива на младите“

 

 

Целта на овој конкурс е да се поттикне критичко размислување, информирано изразување и креативен пристап на младите во однос на процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон Европската унија, преку нивна лична перспектива, искуства и очекувања.

 

Право на учество:

Право на учество на Конкурсот имаат студентите на прв и втор циклус на студии на Економски факултет – Скопје. Видеата се изработуваат индивидуално, односно еден студент има право да изработи едно видео без право на ко-авторство.

 

Технички формат на видеото:

Не постојат ограничувања во однос на техничкиот формат на видеото. Дозволени и поддржани се сите вообичаени видео-екстензии (.MP4, .MOV, .AVI, .WMV и слично).

Препорачана должина на видеото е околу 5 минути (± 5 минути).

Се дозволува и охрабрува целосна слобода во замислата и креативниот пристап на учесниците. Видеото може да биде реализирано во различни форми, како што се: интервју, говор, наративно видео, краток документарен прилог, презентација со визуелни елементи (слајдови, графици, илустрации), дебата или дијалог, видео-есеј, симулација на реална ситуација (case study), како и комбинација од повеќе формати.

Видеото мора да претставува оригинално авторско дело, креирано од учесникот, и да биде јавно прикажано за прв пат во рамки на овој конкурс.

 

ВАЖНА НАПОМЕНА:

Учесниците можат да користат вештачка интелигенција исклучиво за технички цели како монтажа, спојување на видеа, аудио или визуелни ефекти. Строго е забрането користење на вештачка интелигенција за креирање на главната содржина, вклучително текст, нарација или идеи. Секое користење на вештачка интелигенција мора да биде јасно наведено во видеото или придружните материјали. Непочитувањето на овие правила ќе резултира со дисквалификација на видеото од понатамошна евалуација.

 

Рок и начин на доставување:

Видеото треба да се испрати најдоцна до 20 aприл 2026 година, на следната електронска адреса:  jasna.tonovska@eccf.ukim.edu.mk, по што ќе добиете повратна информација дека видеото е примено за оценување.

 

За дополнителни информации обратете се до:

Координаторот на Жан Моне катедрата, проф. д-р Елена Макревска Дисоска на електорнската пошта: elenam@eccf.ukim.edu.mk

Раководителот на ЕУи центарот, проф. д-р Љубен Коцев на адресата за електронска пошта ljuben@eccf.ukim.edu.mk.

 

Начин на оценување и награди:

Есеите ќе бидат евалуирани анонимно од страна на стручна тричлена комисија, составена од универзитетски професори и млади професионалци со релевантно искуство во областа на евроинтеграциските процеси.

Видеата ќе се оценуваат според следните критериуми:
– релевантност и разбирање на темата;
– аргументација и критичко размислување;
– оригиналност и креативност;
– јасност на пораката и структура;
– техничка изведба.

 

Доделувањето на наградите ќе се реализира на јавен настан односно дебата со млади, каде што ќе бидат презентирани најдобрите видеа.

Наградата за есејот кој ќе го освои првото место е тридневна посета во Брисел, Белгија со посета на дел од европските институции (покриени се трошоците за пат и сместување).

Втората награда ќе биде oбезбедена од Младинскиот сојуз-Крушево.

Третата награда ќе биде обезбедена од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

 

 

 

 

Забелешка: Kофинансирано од Европската унија (ЕУ) во рамките на проектот Еразмус+ Жан Моне Катедра „Зајакнување на знаењато за Внатрешниот пазар на ЕУ – проширување на перспективите на земјите кандидати“ во периодот од 2024-2027 год. Ставовите и мислењата во овој текст се исклучиво на авторот(ите) и не секогаш ги одразуваат ставовите на ЕУ или на Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). ЕУ и EACEA не сносат одговорност за нив.

Comments are closed.
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.