ОГЛАС за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и Одлуката за утврдување потреба од засновање работен однос бр.04-347/1 од 4 јануари 2024 година, Народната банка на Република Северна Македонија распишува

 

ОГЛАС

за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија

 

1.Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на пет (5) извршители, и тоа:

1.1. Три извршители на определено време во траење од 1 година, од кои:

  • 1 извршители на работното место „помлад правник почетен I степен“ во Отсекот за правна поддршка во општи правни работи во Дирекцијата за правни работи;
  • 1 извршител на работното место „помлад специјалист за управување со човечките ресурси почетен I степен“ во Отсекот за развој на човечките ресурси и 1 извршител на работно место „помлад правник за управување со човечките ресурси почетен I степен“ во Отсекот за регулирање на права и обврски од работен однос во Дирекцијата за управување со човечките ресурси.

1.2. Еден извршител на определено време во траење од 2 години на работното место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за платен промет со странство за државата и државните органи во Дирекцијата за платни системи.

1.3. Еден извршител на неопределено време на работното место „помлад специјалист за односи со јавност почетен II степен“ во Отсекот за комуникации во Кабинетот на гувернерот.

 

2.Кандидатите за работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следните општи услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

 

3.Покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:

– за работното место „помлад правник почетен I степен“ во Отсекот за правна поддршка во општи правни работи во Дирекцијата за правни работи, да имаат завршено факултет од областа на правните науки со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења (Закон за Народната банка, Закон за платежни услуги и платни системи, Закон за банките и Закон за девизното работење).

– за работното место „помлад специјалист за управување со човечките ресурси почетен I степен“ во Отсекот за развој на човечките ресурси во Дирекцијата за управување со човечките ресурси, да имаат завршено факултет од областа на економските науки со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на човечките ресурси, работа со компјутер и англиски јазик.

– за работното место „помлад правник за управување со човечките ресурси почетен I степен“ во Отсекот за регулирање на права и обврски од работен однос во Дирекцијата за управување со човечките ресурси, да имаат завршено факултет од областа на правните науки со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на работните односи и Законот за Народната банка.

– за работното место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за платен промет со странство за државата и државните органи во Дирекцијата за платни системи, да имаат завршено факултет од областа на економските науки со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, платниот промет и платните системи и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања на Законот за Народната банка, регулативата за платните системи, платежните услуги, девизното работење и англискиот јазик.

– за работното место „помлад специјалист за односи со јавност почетен II степен“ во Отсекот за комуникации во Кабинетот на гувернерот, да имаат завршено факултет од областа на општествените или хуманистичките со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на комуникациите и познавањето на Законот за Народната банка во делот на транспарентноста.

 

4.Кандидатите за работните места од точка 1 треба да достават:

  • пријава и изјава за согласност за обработка на лични податоци;
  • кратка биографија;
  • препораки за професионално искуство и меѓучовечки односи од претходните и тековните работодавачи;
  • доказ за државјанство издаден од надлежниот орган на Република Северна Македонија;
  • потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) којашто изречно ќе гласи дека на лицето не му е изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност, не постара од шест месеци пред денот на поднесувањето на пријавата (други потврди коишто нема да гласат согласно со наведеното, нема да се прифаќаат);
  • диплома или уверение за завршено образование;
  • доказ за работен стаж доколку го имаат, од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија (други потврди од Агенцијата за вработување нема да се прифаќаат);
  • кандидатите за работните места од точка 1, потточка 1.1 алинеја 1 и 2 (само за работно место помлад правник за управување со човеките ресурис почетен I степен) и потточка 1.2 треба да достават доказ за познавање на англиски јазик (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело англиски јазик) и
  • кандидатите за работните места од точка 1 (со исклучок за работното место помлад специјалист за управување со човечките ресурси почетен I степен), да достават доказ за работа со компјутер (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело работа со компјутери).

 

Сите докази може да бидат доставени во копија.

 

5.Работното време во работната недела за работните места од точка 1 започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.

 

6.Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 потточка 1.1 и потточка 1.2 кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, да се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец, а доколку кандидатите немаат работен стаж, да се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 12 месеци.

Со кандидатот кој ќе заснова работен однос на работното место од точка 1 потточка 1.3 кој за првпат склучува договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец, а доколку кандидатот нема работен стаж, да се склучи договор за вработување на неопределено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 12 месеци

 

7.Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.

 

  1. Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 потточка 1.1 и потточка 1.2 изнесува 34.780,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 17.079,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 24.628,00 денари.

Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 потточка 1.3 изнесува 44.306,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 22.638,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 31.300,00 денари.

 

  1. Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

 

  1. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

  1. Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.

 

  1. Пријавата и Изјавата за согласност за обработка на личните податоци[1] се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.

Бараните документи да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.

 

Народна банка на Република Северна Македонија

[1] Народната банка може да контактира со претходните и со тековните работодавачи за професионалното искуство на кандидатите и за нивните меѓучовечки односи.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.