ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА СЛОБОДНИ ЗОНИ ЗА РЕГИОНОТ ЕВРОПА
во организација на Светската царинска организација
со поддршка на партнерските институции во рамките на
Регионалниот тренинг центар во Скопје
(Царинска управа на РС Македонија и УКИМ, Економски факултет – Скопје)
Во периодот од 10-14.06.2024 година со поддршка на партнерските институции во рамките на Регионалниот тренинг центар во Скопје (Царинска управа на РС Македонија и УКИМ, Економски факултет – Скопје) Светската царинска организација организираше Работилница за слободни зони за регионот Европа, со финансиска подршка од Царинскиот фонд за соработка на Кина.
Работилницата имаше за цел да обезбеди:
- градење капацитети за слободните зони во европскиот регион и поддршка на царинските операции во слободните зони
- разбирање на царинските постапки и неопходните контроли за целосна вклученост на царината во слободните зони
- изнаоѓање на заеднички решенија за одржлив развој на слободните зони, од аспект на тековната состојба и користејќи ги алатките и инструментите на СЦО, како и најдобрите практики од земјите-членки
- дискусија за придонесот на слободните зони во националните економии и улогата на царината во слободните зони за обезбедување на поголема конкурентност, безбедност и одржливост, соодветни царински постапки и контроли.
На рабтилницата зедоа учество вкупно 20 странски претставници, од кои двајца акредитирани експерти и еден од (Јаппонија и од Германија), еден предакредитиран експерт од Турција), претставници на царинските управи на Азербејџан, Албанија, Ерменија, Грузија, Италија, Кина, Киргистан, Косово, Молдавија, Полска, Србија, Украина и Црна Гора. Свои презентации приложија и претставниците на македонската Царина, како и на дирекцијатаза ТИРЗ во Скопје и на две компании што работат во слободната зона Скопје 1. На работилницата со свои он-лајн презентации се вклучија и директорот на Регионалната канцеларија за изградба на човечки капацитет, г-нот Антонио Лопарко, од Баку, како и двајца експерти од областа на слободните зони на Светската царинска организација од Брисел. Во текот на работилницата за сите учесници беше организирана и посета на слободната зона Скопје 1 и на царинската испостава во нејзини рамки.