49-ти регионален УНКТАД курс

49-ти Регионален курс за главните аспекти на меѓународната економска агенда за земјите во транзиција во соработка со УНКТАД

Во просториите на Економскиот факултет – Скопје се одржа официјалното отворање на 49-тиот Регионален курс за главните аспекти на меѓународната економска агенда за земјите од Источна Европа во соработка со УНКТАД, кој со свое обраќање го отворија проф. д-р Катерина Тошевска Трпчевска, продеканот за наука и меѓународна соработка, проф. д-р Мијалче Санта и проректорката за финансии, инвестиции и развој, проф. д-р Биљана Ангелова. На свеченото отворање на настанот се обратија и ѓ-а Тања Диневска, заменик директор на директоратот за мултилатерални прашања во Министерството за надворешни работи, Ms. Rossana Michelle Dudziak, координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, и Ms. Randa Jamal, службеник за економски работи во одделот за технологија и логистика во УНКТАД.

49-тиот Регионален курс ќе се одржува од 3-14 јули во просториите на Економскиот факултет – Скопје, а ќе учествуваат 21 учесник од 8 земји од регионот: Азербејџан, Беларусија, Босна и Херцеговина, Киргистан, Русија, Северна Македонија, Србија и Украина.

На 14-ти јули се одржа доделувањето на сертификатите за успешно завршување на 49-тиот Регионален курс за главните аспекти на меѓународната економска агенда за земјите од Источна Европа што во соработка со УНКТАД се одржа на Економскиот факултет – Скопје. На курсот учествуваа 20 претставници од 7 земји: Азербејџан, Босна и Херцеговина, Белорусија, Северна Македонија, Србија, Русија и Украина.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.