Отворен повик за доделување 40 (четириесет) стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“

Македонија 2025 (Фондација МК2025) и Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД распишаа отворен повик за доделување на 40 (четириесет) стипендии за талентирани студенти преку „Атанас Близнакоф„ програмата за студентска извонредност за учебната 2023/2024 година.

Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои ќе се запишат во прва година на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. Истите се доделуваат на студенти кои постигнале исклучителни резултати и успех во средното образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но и кои немаат доволно средства за продолжување на образованието на факултет или област од интерес. Висината на стипендијата изнесува 2,500 американски долари годишно, по лице, и претставува највисок фонд за доделување на стипендии во нашата земја. Корисниците на стипендијата кои редовно и со успех ќе напредуваат во студиите можат да ја користат стипендијата сé до завршувањето на студиите од првиот циклус.

Краен рок за аплицирање на повикот е 15 октомври 2023 година.

Повеќе информации и услови за аплицирање за стипендија:
https://macedonia2025.com/отворен-повик-за-доделување-40-четириес/

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.