ОТВОРЕН ПОВИК за доделување 40 (четириесет) стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД

ОТВОРЕН ПОВИК

за доделување 40 (четириесет) стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД за редовни студенти запишани на прв циклус на студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во учебната 2024/2025 година

Повикот е отворен до 30 август 2024 година

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје и Фондацијата МК2025 објавуваат повик за доделување 40 (четириесет) стипендии за студентска извонредност за редовни студенти запишани на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2024/2025 година.

Општи услови за кандидатите

Право да конкурираат имаат ученици/апликанти кои:

  • Се запишуваат за редовни стиденти во прва година на студии (прв циклус на студии) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;
  • Завршиле средно образование со постигнат просечен успех од најмалку 4.0;
  • Не се корисници на стипендии од други институции, организации и фирми;
  • Чиј вкупен бруто приход на семејството (родители/старатели и кандидатот) за 2023 година по сите основи не надминува 800.000 денари;  
  • Се државјани на Република Северна Македонија.

Висина на стипендијата

Висината на стипендијата изнесува 2.500,00 (две илјади и петстотини) американски долари годишно и се исплатува еднаш годишна на почетокот на студиската година, најчесто октомври.

Исплатата на стипендијата е во денарска противвредност.

Потребни документи за аплицирање

Потребни документи за аплицирање за стипендија се:

  • Уверение за државјанство на Република Северна Македонија издадено од Министерството за внатрешни работи;
  • Релевантни документи за приказ на годишен (бруто) финансиски приход во семејството односно Уверение/потврда од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за 2023 година за двајцата родители/старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;
  • Документи за успех во средно образование односно Сведителства од 1 до 4 година;
  • Документ за положена државна матура;
  • Биографија на македонски јазик (CV Europass или друга слична форма);
  • Есеј на македонски јазик (најмногу 500 збора);
  • Препорака од наставник, директор или друго лице вклучено во претходното образование на кандидатот;
  • Дипломи и потврди за освоени награди на меѓународни, државни, регионални и општински натпревари (освоени во последните три години) (не е задолжително).

Важно: Детални инструкции и појаснување за потребната документација за стипендии за талентирани студенти на Фондацијата „Атанас Близнакоф„ за академската 2024/2025 година се достапни на платформата за E-scholaship (долниот лев агол кај самиот повик).

При аплицирање, кандидатот потврдува дека:

  • не е корисник на друга стипендија која е повисока од 6,000 ден;
  • доставените документи и податоци се вистинити;
  • се согласува на обработка и користење на сопствените лични податоци и податоците од неговото потесно семејство за цели на стипендијата.

Рангирање на кандидатите

Рангирањето на кандидатите се врши врз основа на три групи на критериуми. Максималниот број на освоени бодови е 100, од кои:

  • За материјална состојба на кандидатот се добиваат најмногу 45 бодови;
  • За успех остварен во претходното средно образование односно просечен успех од средно образование (1-4 година) и од државната матура; кандидатот добива најмногу 30 бодови;
  • За достигнувања и мотивација за личен и професионален развој се добиваат најмногу 25 бодови.

Начин на аплицирање

Документите се доставуваат на E-scholarships платформата на Македонија2025 (https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/home). Апликацијата се пополнува електронски, и тоа преку обврзувачко креирање на кориснички профил и прикачување на бараната документација на македонски јазик.  

Процесот на апликацирање и административна проверка е спроведуван од страна на Фондацијата МК 2025.  

Краен рок за аплицирање на повикот е 30 (триесети) август 2024 година (23:59).

Процес на селекција

По завршување на процесот на административна проверка, апликациите ги разгледува Комисија за избор на стипендисти составена од истакнати членови и партнери на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД, Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје и Фондацијата МК2025.

Комисијата за избор на стипендисти го задржува правото да повика дел од кандидатите на дополнително интервју пред да се донесе финалната одлука и избор.

Сите апликанти ќе биде известени за извршениот избор и одлука за доделување на стипендии најдоцна до септември 2024 година по електронски пат.

Списокот со избрани кандидати ќе биде објавен на интернет страницата на Фондацијата МК2025 и на останатите партнер организации.

Добитници на стипендија за корисник на стипендија ќе потпишат Договор за стипендија, кое ќе се спроведува со Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје.

Правото на користење на стипендија

Правото на користење на стипендија започнува откако кандидатот ќе достави потврда за редовен студент запишан во прва година на интегрирани академски студии на некој од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Правото на користење на стипендијата трае додека се исполнуваат условите за редовно напредување во студиите и успех, заклучно со завршувањето на студиите.

Правата и обврските на добитниците на стипендијата ќе се утврдат со Договор за стипендирање кој го склучуваат студентот/студентката и Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ во Скопје.

Стипендијата ќе се продолжува годишно под услов, начин и постапка утврдени во Договорот за доделување на стипендијата.

Стипендистите се должни да доставуваат годишни извештаи за своите достигнувања, како би покажале посветеност и отченост во својот личен и професионален развој, во рамки на стипендијата, како и да споделат лично искуство поврзано со стипендијата. Ги очекуваме Вашите апликации!

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.