Повик за обуки – Моќни економисти: Иднина во светот на податоците и ВИ

Повик за бесплатни обуки во рамки на иницијативата

„Моќни економисти: Иднина во светот на податоците и вештачката интелигенција“

 

Линк за пријавување

 

Семос Едукација поддржан од Американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од Унапредување на економиите за посилни заедници, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ) и Центарот за претприемачи и развој на менаџери (CEED Hub) Скопје ја спроведува иницијативата „Моќни економисти: Иднина во светот на податоците и вештачката интелигенција“.

Ни претставува чест и задоволство што можеме да Ве поканиме да учествувате во активноста за градење на капацитети.

Во тие рамки ќе бидат испорачани следниве обуки:

-Анализа на податоци со Ексел – 32 часа

-Обука за Power Business Intelligence (PBI) – 32 часа

-Обука за примена на вештачка интелигенција GenAI Biz – 8 часа

Основни критериуми за избор:

  1. Целосно пополнета пријава за учество
  2. Да сте ученик/чка во СЕПУГС Васил Антевски Дрен, III или IV година
  3. Да сте студент/ка на Економски Факултет при УКИМ
  4. Да сте на возраст од 15-29 години
  5. Согласност за учество на обука од 3 модула со траење од вкупно 72 часа.

Обуките ќе се спроведат во еден од термините:

I Група 01.10 – 15.11.2024

II Група 25.01 – 28.02.2025

Ќе Ве замолиме да одберете опционално еден од наведените термини.

Организаторите ќе направат првична селекција и ранг листа на пријавените кандидати.

Предавањата се на македонски јазик. Истите се организираат оnline на платформата MS Teams.

Целта на иницијативата е:

Да ги зајакне капацитетите и вештините на учениците од СЕПУГС Васил Антевски Дрен и на студентите на Економски Факултет при УКИМ за анализа и обработка на податоци, креирање и визуелизација на извештаи, подобрување на нивните аналитички вештини, вовед во основите користење на Вештачката интелигенција при обработка и анализа на податоци со што ќе им помогнеме во нивниот академски и професионален развој.

Ако сте заинтересирани за обуките ќе Ве молиме да ја пополните формата на следниот линк.

Пријавувањето е отворено до 12.08.2024 година до 16:00 часот.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации за активностите, ве молиме контактирајте нè на телефоните 075 345 258 – Борјанчо или 075 343 369 – Александра

*Мислењата изразени на оваа форма им припаѓаат на авторите/„Семос Едукација“ и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави (САД).

 

Линк за пријавување

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.