Повик за стипендии-Best of South East (Најдобрите од Југоистокот)

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПРОГРАМАТА „НАЈДОБРИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ“ за  АКАДЕМСКАТА 2022-2023  ГОДИНА

Поради успехот на оваа програма во текот на изминатите години Steiermärkische Sparkasse Bank и оваа година иницира соработка со Универзитетот во Грац во рамки на програмата „Најдобрите од Југоистокот“ – програма за унапредување и дообразување на талентирани и успешни студенти во и од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Република Македонија при што на 10 студенти од овој регион ќе им биде дадена можност за стажирање и практиканство.

Оваа програма има за цел да им овозможи на целните групи на студенти да се стекнат со меѓународно работно искуство, а воедно и да им понуди обуки и можности за понатамошна наобразба. Програмата за стажирање (trainee program) и програмата за практикантство (internship program) воедно има за цел да им го олесни на студентите нивното вклучување во активната професионална средина.

ПРОГРАМА ЗА СТАЖИРАЊЕ (TRAINEE PROGRAM) И ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНСТВО (INTERNSHIP PROGRAM)

На студентите кои дипломирале или сè уште студираат на факултети за економија и право кои се во рамки на универзитети од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Република Македонија ќе им биде дадена можност да се пријават и доколку бидат избрани да бидат дел од програмата „Најдоброто од Југоистокот“ за академската 2022/2023 година. Програмата за обука и програмата за стажирање-пракса се во времетраење од 1 година (септември-август).

Кандидати кои можат да аплицираат за двете програми:

  • Студенти на додипломски студии (прв циклус) кои се во последна година од студиите (со запишан VII-ми семестар), за програмата со 4 годишно студирање

и

  • Дипломирани студенти (кои дипломирале во изминатите 12 месеци пред аплицирањето) или студенти кои се веќе запишани на втор /трет циклус на студии.

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:

  • Многу добро познавање на англискиот и добро познавање на германскиот јазик (Б1 за апликантите за програмата за стажирање или А2 ниво за програмата за практиканство);
  • Одлично познавање на англискиот јазик;
  • Државјани на Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска и Македонија;
  • Висок просек на тековните/завршените студии;
  • Не повеќе од 27 години во моментот на аплицирањето
  • Посветеност, силни комуникациски способности, флексибилност, аналитичко и практично економско размислување.

На дипломираните студенти или последипломци кои ќе бидат избрани да учествуваат во програмата за стажирање (trainee program) ќе им биде овозможено да ги доусовршат своите јазични вештини за време на нивнaта едногодишна обука во Steiermärkische Sparkasse Bank, како и да посетуваат одредени курсеви по нивен избор. Последниот месец од обуката е предвидено да се одвива на една од локациите на банката во Југоисточна Европа. Дипломците кои ќе бидат избрани да ја посетуваат оваа програма за обука, задолжително мора да положат испити чиј збир на ЕКТС кредити изнесува минимум 16 ЕКТС (испитите ги слушаат и полагаат на Универзитетот во Грац).

На студентите кои ќе бидат избрани да учествуваат во програмата за практиканство (internship program), а се во завршна година од своите студии (4 година т.е минумум запишан VII-ми семестар), за време на нивниот едногодишен престој во Грац, на Универзитетот во Грац, ќе им биде овозможено да слушаат и полагаат испити кои се компатибилни со испитите во рамки на нивните студии на матичниот факултет (регулирани со Прелиминарен Договор за учење – Learning Agreement 2022-2023) и кои ќе им бидат признаени по завршување на нивниот престој во Грац. Овие студенти истотака имаат можност за двомесeчното стажирање во летниот период, по завршувањето на академската година, со што им се дава можност активно да се вклучат во секојдневното работење на Steiermärkische Sparkasse Bank. Кандидатите кои ќе бидат избрани да ја посетуваат оваа програма за обука, задолжително мора да положат испити чиј збир на ЕКТС кредити изнесува минимум 30 ЕКТС (испитите ги слушаат и полагаат на Универзитетот во Грац).

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Чекор 1: НАЈПРВИН ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТУДЕНТИ ТРЕБА ДА СТАПАТ ВО КОНТАКТ СО КОНТАКТ ЛИЦЕТО ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ГРАЦ (incoming.exchange@uni-graz.at  ) Од контакт од Универзитетот во Грац ќе добијат пристап за да можат да пополнат онлајн апликација.

НАПОМЕНА: Во мејлот кој ќе го испратите до incoming.exchange@uni-graz.at за да добиете пристап до Mobility Online апликацијата (пристапот ви се испраќа на вашата и-мејл адреса) задолжително наведете ги следните информации:

  • Цело име и презиме (онака како што стои во пасошот);
  • Име на универзитетот каде што студирате или сте завршиле (називот на Универзитетот и факултетот треба да се наведе на македонски и на англиски јазик)

* За студентите од Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет-Скопје;

Ss.Cyril and Methodius University in Skopje, Faculty of Economics-Skopje

  • Информација за студиите
    • Тековни студенти (што студирате, кој степен на студии сте-прв,втор или трет, која година на студии сте во моментот на аплицирањето наведувајќи ја датата кога очекувате да дипломирате/магистрирате/докторирате );
    • Дипломирани студенти (информација за нивото на завршени студии-додипломски или мастер со наведен датум на дипломирање/магистрирање);
  • Доколку веќе сте студирале на некој од универзитетите во Австрија, наведете кога и на кој универзитет сте биле и наведете го Matrikelnummer (student ID number кој сте го имале)
  •  

Чекор 2: Откако успешно ќе ја завршат процедурата опишана во Чекор 1, студентите-апликанти ќе треба да ги подготват следните документи (на германски или англиски јазик, види детали во Упатството за онлајн аплицирање):

  1. Пополнет и потпишан формулар-пријава како и потврда за редовен студент  заверена од страна на Универзитетот (се симнуваат од онлајн апликацијата)
  2. Потврда за академски успех (диплома или уверение за положени испити и уверение за редовен студент)
  3. Кратка биографија (CV на англиски или германски јазик)
  4. Лична изјава во форма на есеј (максимум 2 страни) во кои апликантот ќе ја опише својата мотивираност и интересите кои го поттикнале да се пријави за оваа програма
  5. 2 препораки (една од препораките мора да биде од академско лице кои било/е вклучено во завршените/тековните студии на апликантот, а другата препорака, доколку апликантот е вработено лице од неговиот раководител-секако доколку апликантот е во можност да ја обезбеди);
  6. Потврда за познавање на германски јазик (Студенти на економија, познавање на германски јазик – минимум Б1 ниво (практиканствое) и Б2 ниво (стажирање); и Дипломирани економисти, познавање на германски јазик – минимум Б 1(практиканство) и Б2 (стажирање).

НАПОМЕНА: За валидни се сметаат само официјални сертификати од ÖSD, Goetheinstitut или Treffpunkt Sprachen од Универзитетот во Грац. Сертификатите за познавање на јазик не треба да бидат постари од една година.

      7. Копија од страницата со лични податоци од пасошот.

Вкупниот износ на финансиската поддршка за една година по учесник изнесува максимум 9.000 евра и го покрива следново:

  • 750 евра месечен надомест за други трошоци;
  • Интензивен курс по германски јазик во јазичниот центар “Treffpunkt Sprachen” кој е при Универзитетот во Грац
  • Регистрирање и школарина на Универзитетот во Грац;
  • Следење на наставната програма на Универзитетот во Грац.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

  • Лична изјава;
  • Академски успех;
  • Општествен ангажман;
  • Комуникациски вештини;
  • Активно познавање на англиски и германски јазик;
  • Препораки.

Кандидатите – апликанти ќе бидат избирани врз основа на нивните лични изјави, нивниот академски успех и препораките. Во процесот на селекција ќе бидат вклучени претставници на Steiermärkische Sparkasse Bank и на Универзитетот во Грац.  Она што ќе се вреднува во личната изјава на апликантот е дали истиот успеал да стави фокус врз личната мотивација и интересите кои го поттикнале да аплицира за оваа програма. Steiermärkische Sparkasse Bank  и Универзитетот во Грац го задржуваат правото да ги исклучат кандидатите пред завршувањето на програмата доколку тие не се раководат согласно насоките во рамки на програмата.

 

 КОНТАКТ ЛИЦЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ГРАЦ

University of Graz

Christa Grassauer

Tel.:+43 (0)316 380-1254 / Fax:+43 (0)316 380-9156

incoming.exchange@uni-graz.at

Работно време со студенти: понеделник-петок (9.30-12.00) / среда (13.00-15.00 часот)

 

 

ДОСТАВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ

Комплетната документација за пријавување треба да се прикачи на онлајн мобилната апликација најдоцна до 3 декември 2021 година .

 

За студентите од Економскиот факултет-Скопје, УКИМ контакт лице :

м-р Маријана Цветковска

Советник за меѓународна соработка и раководител на Центарот за кариера

тел. +389 2 3286 835
e-mail:
marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk

 

ПОЧИТУВАНИ СТУДЕНТИ, ПРОШИРЕТЕ ГИ ВИДИЦИТЕ, ПОМЕСТЕТЕ ГИ ГРАНИЦИТЕ и пријавете се да бидете дел од НАЈДОБРИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ!

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.