На 02 ноември 2023 година, 15 успешни студенти од департманот за Сметководство и ревизија, заедно со проф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска и асист. м-р Иван Дионисијев имаа привилегија да ги посетат новите и современи канцеларии на EY Macedonia. Посетата беше позитивно искуство за студентите, а EY Macedonia покрај презентација на компанијата и работата, им понуди пријатен здрав појадок и кафе, поставувајќи идеална атмосфера за настанот. Топлото добредојде и опуштената атмосфера создадоа чувство на припадност кај студентите и тие имаа можност да ја почувствуваат работната средина на EY и да дознаат за сите можности кои компанијата ги нуди.