ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ, ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ и ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

 

 

 

На 03.06.2021 година  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет-Скопје и Државниот завод за ревизија склучија меморандум за соработка со цел поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, изградба и зајакнување на меѓусебните деловни врски како и обезбедување достапност на професионална размена на искуства.

 

Двете страни се согласија да соработуваат во широк спектар на активности и иницијативи од взаемен интерес за едукација и подобрување на знаењето и стручноста преку организирање на форуми семинари, работилници, консултантска дејност, изработка на научни трудови, методи, техники и инструменти за подобрување на ревизијата; подготвување и издавање публикации, статии, прирачницим коментари и слични форми на стручно професионално и академско информирање од областа на ревизијата; изработка на заеднички проекти за истражување, дебати, обукии едукација; поврзување на теоријата со пракса и соработка заради приближување на теоријата со праксата за потребите на студентите.

 

Меморандумот го потпишаа проф.д-р Предраг Трпески, декан на Економскиот факултет-Скопје, УКИМ и м-р Максим Ацевски, главен државен ревизор во Државниот завод за ревизија, во присуство на професори од Kатедрата за сметководство и ревизија на Економскиот факултет-Скопје и претставници од Државниот завод за ревизија.

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.