Во просториите на Економскиот факултет-Скопје, деканот проф. д-р Предраг Трпески, одржа состанок со претставници од ПроКредит Банка.
На состанокот беа дискутирани актуелните состојби и предизвици со кои се соочуваат банкарскиот сектор и високо-образовните институции и беа изнајдени потенцијални подрачја за меѓусебна соработка. Во таа насока беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу двете страни.