Во текот на денешниот ден, деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф. д-р Предраг Трпески, беше домаќин на директорот на Управата за финансиска полиција, г-дин Горан Иванов и други претставници од Управата за финансиска полиција.
Во рамки на остварената средба, се разговараше за прашања кои се од заеднички интерес, со акцент на експертизата на полето на финансиите. Во таа насока се потпиша и Меморандум за соработка помеѓу двете страни кои се согласија да соработуваат во широк спектар на активности и иницијативи од взаемен интерес за едукација и подобрување на знаењето и стручноста преку:
· Реализација на активности и проекти од општествен интерес;
· Реализација на заеднички проекти од взаемен интерес;
· Реализација на практична настава за студентите од Факултетот;
· Презентирање на практични проблеми, решенија, предизвици и можности за студентите на Факултетот;
· Учество на лица од Управата како стручњаци од практиката;
· Организација на работилници и конференции од взаемен интерес;
· Взаемна промоција;
За време на посетата, директорот и останатите претставници од Управата за финансиска полиција, во придружба на деканот и продеканите на Економскиот факултет – Скопје, ги разгледаа капацитетите со кои располага Економскиот факултет – Скопје.