ПРВ ЦИКЛУС: Конкурс за упис на студенти за учебната 2022/2023 година Втор уписен рок

Втор уписен рок

 

втор рок

трет рок

Пријавување на кандидатите

15 и 16.9.2022

28.9.2022

Објавување резултати од ус­пе­хот од средно образование (прелиминарна ранг-листа)

20.9.2022

 

Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа)

 

23.9.2022

 

Запишување на кандидатите

26.9.2022

30.9.2022

Слободни места за втор уписен рок 2021/2022

Е-Бизнис

Економија

Маркетинг

Меѓународна трговија

 

Менаџмент и претприемништво

 

Сметков и ревизија

Финансии

Државна квота

/

/

/

4

/

/

/

Кофинансирање

4

54

3

60

5

27

34

Вонредни-квота

7

8

8

10

6

9

10

Системот за пријавување е отворен и секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава во iKnow системот.

Системот за електронско пријавување автоматски генерира број, единствен за секој кандидат.

Откако кандидатот ќе ги пополни сите прозорци кои се отвараат во I-know системот, системот автоматски ќе му овозможи да ги прикачи документите за пријавување (во pdf или во jpg формат).

Откако ќе заврши со пријавувањето во I-know системот, кандидатот треба да ја испрати својата пријава(прикачените документи во системот iknow од последниот чекор) и на соодветната електронска адреса upisi2022@eccf.ukim.edu.mk на факултетот каде што се пријавува.

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи (во pdf или во jpg формат):

  1. пријава за запишување на факултетот (образец А1 од книжара) Пример – LINK
  2. универзитетски и интерен пријавен лист (од последниот чекор на iKnow-системот точка 1 и 7)
  3. оригинални свидетелства од сите класови
  4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  5. извод од матичната книга на родените
  6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  7. потврда за уплатa:
  • Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50): Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје;

Банка на примачот: НБРСМ;

Тансакциска сметка 100-0000000-630-95;

Уплатна сметка 840-ХХХ-03161;Конто 722313 00)

  • 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата (цел на дознака: обработка на податоци)

Назив на примачот: Буџет на РМ – Економски факултет – Скопје Банка на примачот: НБРМ

Сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10

Приходна шифра: 723013

Програма 41

 

Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти поднесуваат, покрај горенаведените документи и образец М1/М2 нотарски заверен, или лекарско уверение (издадено од З.У. Студентска поликлиника на Унив.„Св. Кирил и Методиј” во Скопје)

Пријавувањето за упис на Економски факултет – Скопје се врши само online, а на 27.09.2022 примените кандидати ги поднесуваат документите во материјална форма во просториите на факултетот за што ќе следи дополнителна информација.

Со почит,

Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.