Почитувани студенти,
Ве известуваме дека е отворен повик за учество во студентска фокус група во рамки на проектот „Премостување на јазот: „нетрадиционалните“ студиски програми и иднината на одржливост на внатрешната ревизија“. Без разлика дали студирате економија, е-бизнис, финансии, маркетинг, менаџмент и претприемништво, меѓународна трговија или сметководство и ревизија, ова претставува можност да се запознаете со значењето и улогата на внатрешната ревизија, како и кариерните можности кои професијата ги нуди.
Со проектот се предвидени учество во серија на тематски работилници водени од експерти, теоретски и практични сознанија, посета на сектор за внатрешна ревизија во реномирана компанија и истражувачки натпревар. Проектот ќе заврши со свечен настан (коктел) на кој ќе бидат доделени сертификати.
Не ја пропуштајте оваа можност да ги подобрите своите вештини и да ги проширите хоризонтите во кариерата!
Рок за пријавување: 29.02.2024 година
Линк за пријавување: https://forms.gle/1zh5xhmNCvhy2ykj8
(или преку скенирање на QR кодот)
Проектот е организиран од страна на Катедрата за сметководство и ревизија при Економскиот факултет – Скопје, УКИМ и финансиски поддржан од страна на Internal Audit Foundation’s Academic Fund при Institute of Internal Auditors (IIA Global), со седиште во Флорида, САД.