Склучен Меморандум за соработка со Македонско кредитно биро!

На ден 26.3.2024 година во просториите на Економскиот факултет – Скопје, деканот проф. д-р Предраг Трпески и главниот извршен директор на Македонско кредитно биро, м-р Тони Трајанов, потпишаа Меморандум за заедничка соработка.
Потпишаниот Меморандум претставува заложба на двете страни за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка како и обезбедување достапност на професионална размена на искуства заради остварување на заеднички цели.
Со потпишувањето на Меморандумот за соработка се предвидува и можност за студентите од Факултетот за реализирање на практична настава, можност за дискусија на практични проблеми како и разговор за други предизвици со лица кои се професионалци во својата работа.
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.