Трет циклус – Заверка на зимскиот / упис на летниот семестар 2022/2023

ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ

Упис  на летен  семестар 2022/2023 и заверка на зимски семестар 2022/2023 ќе се реализира  во деновите 

13.02  – 17.02.2023 од 11:00-14:00 часот

 

Во прилог информации за упис на летен семестар

Потребни документи за:

  1. Упис на летен семестар 2022/2023
  • Образец за упис на семестар

 

  1. Заверка на зимски семестар 2022/2023
  • Образец за заверка на семестар

 

  1. Потврда за уплата на рата од 900 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

– Банка на примачот: НБРМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10

– Приходна шифра: 723011

– Програма 41

 

  • Во цел на дознака- името на студиската програма и целта на уплатата
  • Во повикување на број

 723011 / 02 – Економски науки

 723011 / 03- Статистички методи за бизнис и економија

 723011 / 05- Организациски науки и управување (менаџмент)

 

ВАЖНО:

Студентите кои се запишале во  учебната 2021/2022 година, доколку имаат предмети  од вториот семестар кои не ги положиле во трите предвидени сесии, треба истите да ги презапишат и да платат 50 % од вредноста на кредитите за предметот што се презапишува.

Секое непочитување на термините повлекува надомест за задоцнето запишување.

 

Со почит,

Економски факултет – Скопје

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.