На 10 мај 2023 година во просториите на Економскиот факултет – Скопје, успешно се реализираше работилницата на тема „ Како до поголема вработливост во услови на дигитализација на економијата“ во организација на Катедрата за Економија.
Настанот го отвори Деканот проф. д-р Предраг Трпески, а потоа поканетите говорници г-ин Фатмир Битиќи, Заменик Претседател на Владата на Р.С. Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, и г-ѓа Владанка Трајкоска, Претседател на Организацијата на Работодавачи на Македонија (ОРМ) имаа свои излагања, по што следуваше плодна дискусија со студентите, наставниот и соработничкиот кадар. На работилницата се разговараше за прашања поврзани со актуелните предизвици на пазарот на труд во земјата, очекувани ефекти од дигитализацијата врз побарувачката за труд и појавата на нови работни места, кои нови вештини ги побаруваат фирмите од вработените, како до пристојни работни места и сл.
На крајот на настанот, со заклучни согледувања и благодарност до присутните се обрати раководителот на Катедрата за Економија проф. д-р Даниела Бојаџиева.