Јапонската менаџмент програма за професионален тренинг “Quality management and Competitiveness„ е креирана во целосна посветена и доверлива соработка на следниве академски, професионални партнери:
- Јапонската Агенција за меѓународна соработка (JICA),
- Универзитетот од Нагасаки, Јапонија,
- Универзитет за национално и светско стопанство (UNWE), Софија, Бугарија, и
- Економски Факултет – Скопје, УКИМ
Основните елементи на реализација на оваа Професионална програма се исцрпуваат низ следниве сегменти:
- Профил на слушатели на програмата:
Менаџери на МСП, претприемачи и иноватори, истражувачки центри, НВО, локална и државна администрација, развојни професионални, бизнис сопственици посветени на квалитетот и конкурентноста на својот бизнис
- Времетраење на реализација на III (третиот) циклус на Тренинг програмата:
Декември 2021 – Март 2022 год.
- Структура на Професионалната тренинг програма:
11 апликативни менаџмент дисциплини, развиени сообразно теоретските и апликативните јапонските менаџмент практики, искуства и вредности
- Реализатори на програмата: Професори од Универзитетот од Нагасаки, Универзитет за национално и светско стопанство (UNWE), Софија, Бугарија и од Економски Факултет – Скопје, УКИМ, во целосна соработка и поддршка во реализација на програмата од JICA (Јапонската Агенција за меѓународна соработка)
- Место на реализација:
Економски Факултет – Скопје, УКИМ
- Документи за аплицирање:
Формулар за аплицирање, Диплома за завршено образование – оригинал и копија заверена на нотар, 3 фотографии, Потврда за познавање на англиски јазик.
- Надомест за реализација:
Нето износ од 30.000 денари.
Професионалната менаџмент тренинг програма ќе биде спреводена низ систематизирано и продлабочено изучување на следниве 11 апликативни менаџмент дисциплини, кои во современи услови се од суштинско значење за зголемената конкурентност и одржлив развој на македонските бизниси:
- Менаџмент во Јапонија
- Стратегиски менаџмент
- Менаџмент на целосен квалитет
- Дигитална трансформација во бизнисот и МОП (Менаџмент на односи со потрошувачи)
- Менаџмент на иновации
- Проектен менаџмент
- Бизнис етика и КОО (Корпоративна општествена одговорност)
- Ефентивно тимско работење
- Претпримништво
- Интегрирани маркетинг комуникации
- Биг Дата и Бизнис аналитика
Ви посакуваме успешна и плодна работа во совладување на тајните на Јапонскиот менаџмент, во рамките на III (третата) генерација слушатели на оваа врвна професионална менаџмент тренинг програма.