Официјално отворање на 44-тиот Регионален курс за основните прашања на меѓународната економска агенда за земјите во транзиција, во соработка со УНКТАД. На настанот земаат учество претставници од Албанија, Азербејџан, Белорусија, Русија, Северна Македонија, Србија, Узбекистан и Украина.
Во рамките на курсот, кој се одржува во периодот 18-29 октомври, ќе се разработуваат повеќе актуелни прашања од областа на меѓународната економија значајни за земјите во транзиција: политики на економски развој, современи трендови во меѓународната трговија и финансиите, предизвици на мултилатералниот трговски систем, трговската логистика, регионалните трговски спогодби, дигиталната економија, СДИ, технологијата и иновациите.
Економски факултет – Скопје