Јапонската менаџмент програма за професионален тренинг “Quality management and Competitiveness„

Јапонската менаџмент програма за професионален тренинг “Quality management and Competitiveness е креирана во целосна посветена и доверлива соработка на следниве академски, професионални партнери:

  1. Јапонската Агенција за меѓународна соработка (JICA),
  2. Универзитетот од Нагасаки, Јапонија,
  3. Универзитет за национално и светско стопанство (UNWE), Софија, Бугарија, и
  4. Економски Факултет – Скопје, УКИМ

Основните елементи на реализација на оваа Професионална програма се исцрпуваат низ следниве сегменти:

  • Профил на слушатели на програмата:

Менаџери на МСП, претприемачи и иноватори, истражувачки центри, НВО, локална и државна администрација, развојни професионални, бизнис сопственици посветени на квалитетот и конкурентноста на својот бизнис

  • Времетраење на реализација на III (третиот) циклус на Тренинг програмата:

Декември 2021 – Март 2022 год.

  • Структура на Професионалната тренинг програма:

11 апликативни менаџмент дисциплини, развиени сообразно теоретските и апликативните јапонските менаџмент практики, искуства и вредности

  • Реализатори на програмата: Професори од Универзитетот од Нагасаки, Универзитет за национално и светско стопанство (UNWE), Софија, Бугарија и од Економски Факултет – Скопје, УКИМ, во целосна соработка и поддршка во реализација на програмата од JICA (Јапонската Агенција за меѓународна соработка)
  • Место на реализација:

Економски Факултет – Скопје, УКИМ

  • Документи за аплицирање:

Формулар за аплицирање, Диплома за завршено образование – оригинал и копија заверена на нотар, 3 фотографии, Потврда за познавање на англиски јазик.

  • Надомест за реализација: 

Нето износ од 30.000 денари.

            Професионалната менаџмент тренинг програма ќе биде спреводена низ систематизирано и продлабочено изучување на следниве 11 апликативни менаџмент дисциплини, кои во современи услови се од суштинско значење за зголемената конкурентност и одржлив развој на македонските бизниси:

  1. Менаџмент во Јапонија
  2. Стратегиски менаџмент
  3. Менаџмент на целосен квалитет
  4. Дигитална трансформација во бизнисот и МОП (Менаџмент на односи со потрошувачи)
  5. Менаџмент на иновации
  6. Проектен менаџмент
  7. Бизнис етика и КОО (Корпоративна општествена одговорност)
  8. Ефентивно тимско работење
  9. Претпримништво
  10. Интегрирани маркетинг комуникации
  11. Биг Дата и Бизнис аналитика

Линк до брошурата

Ви посакуваме успешна и плодна работа во совладување на тајните на Јапонскиот менаџмент, во рамките на III (третата) генерација слушатели на оваа врвна професионална менаџмент тренинг програма.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.