прв рок | втор рок | трет рок | |
Пријавување на кандидатите | 30.8. и 31.8.2022 | 16 и 17.9.2022 | 28.9.2022 |
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа) |
2.9. 2022 |
20.9.2022 | |
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) |
7.9. 2022 |
23.9.2022 | |
Запишување на кандидатите |
12 и 13.9. 2022 |
26.9.2022 |
30.9.2022 |
Секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава во iKnow системот.
Системот за електронско пријавување автоматски генерира број, единствен за секој кандидат.
Откако кандидатот ќе ги пополни сите прозорци кои се отвараат во I-know системот, системот автоматски ќе му овозможи да ги прикачи документите за пријавување (во pdf или во jpg формат).
Откако ќе заврши со пријавувањето во I-know системот, кандидатот треба да ја испрати својата пријава(прикачените документи во системот iknow од последниот чекор) и на соодветната електронска адреса upisi2022@eccf.ukim.edu.mk на факултетот каде што се пријавува.
Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.
Бидејки апликацијата за пријавување е отворена, како и можноста за прикачување на предвидентите документи, процесот на пријавување може да се заврши и пред назначените датуми, но не подоцна од 31.08.2022 год., до 16,00ч.
Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи (во pdf или во jpg формат):
- пријава за запишување на факултетот (образец А1 од книжара) Пример – LINK
- универзитетски и интерен пријавен лист (од последниот чекор на iKnow-системот точка 1 и 7)
- оригинални свидетелства од сите класови
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- извод од матичната книга на родените
- доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- потврда за уплатa:
- Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50): Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје;
Банка на примачот: НБРСМ;
Тансакциска сметка 100-0000000-630-95;
Уплатна сметка 840-ХХХ-03161;Конто 722313 00)
- 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата (цел на дознака: обработка на податоци)
Назив на примачот: Буџет на РМ – Економски факултет – Скопје Банка на примачот: НБРМ
Сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10
Приходна шифра: 723013
Програма 41
Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти поднесуваат, покрај горенаведените документи и образец М1/М2 нотарски заверен, или лекарско уверение (издадено од З.У. Студентска поликлиника на Унив.„Св. Кирил и Методиј” во Скопје)