„Знаењата и вештините што ги стекнуваат нашите студенти ќе ги подготват успешно да се вклучат во национални и меѓународни деловни практики. Оваа акредитација не само што ќе го подобри угледот на Економскиот факултет – Скопје, туку и ќе им обезбеди на нашите дипломирани студенти конкурентна предност на глобалниот пазар.
Постигнувањето на AACSB акредитацијата е значајно, бидејќи ќе потврди дека ги исполнуваме нашите ветувања и се ставаме меѓу елитна група од помалку од 1.000 меѓународно акредитирани институции. Иако процесот на акредитација е предизвик и може да потрае и до 7 години, нашата крајна цел е да станеме подобар факултет со позитивно и значајно влијание во нашата земја и регионот“.
Повеќе информации за AACSB акредитацијата како и сите останати прашања кои беа тема на интервјуто прочитајте ги на линкот
https://kapital.mk/проф-д-р-предраг-трпески-декан-на-екон/
Со почит,
Економски факултет – Скопје