Повик за практиканство во Биро за јавни набавки

Почитувани студенти,


Бирото за јавни набавки објавува ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНСТВО за 3 (три) студенти, коишто се апсолвенти или на магистерски студии за период од 3 (три) месеци, почнувајќи од 15.11.2023 година до 15.2.2024 година.

Ангажманот би бил 4 часа дневно, а во зависност од вашите обврски на факултетот ќе имате опција да изберете дали ќе го извршувате практиканството од 08 до 12 часот или пак од 12 до 16 часот.

Воедно, напоменуваме дека практикантите нема да ги следува финансиски надоместок за извршената работа.

Вашите пријави е потребно да бидат доставени на следнава меил адреса: coveckiresursi@bjn.gov.mk со назнака Повик за практиканство, најдоцна до 01.11.2023 година.

Во прилог на пријавата потребно е да доставите потврда за редовен студент или потврда за запишани магистерски студии, ваше име и презиме и контакт телефон.

Кандидатите коишто ќе бидат избрани во втора фаза, ќе бидат повикани на интервју во просториите на Бирото за јавни набавки.

КОНТАКТ ЛИЦЕ: Игор Димитровски

КОНТАКТ ТЕЛЕФОН: 070/323-582

 

Со почит,
Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.