Важна информација

Почитувани,

во тек е ажурирање на содржините на новата веб страна на Економскиот факултет – Скопје и поради тоа може да има одредени задоцнувања. Последни информации за студиумот, врз основа на акредитацијата, може да добиете на следниов ЛИНК

Одлука за рокови за студиски програми на втор циклус

Сметководство и ревизија - двогодишни студии

Раководител: проф. д-р Зоран Миновски

Секретар: проф. д-р Атанаско Атанасовски

Оделение за студентски прашања: 02/3286-829

Цел на студиската програма на втор циклус студии – сметководство и ревизија е континуирана едукација на високообразован и компетентен кадар кој ќе има севкупни познавања за сметководствената наука и професија и нејзината улога во обезбедување на висококвалитетни професионални услуги на заинтересираната поширока јавност.

Студиската програма на втор циклус студии – Сметководство и ревизија е во траење од 2 години или 4 семестри

Структура на предметите е следната:

  • Осум задолжителни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање (максимум 60% од вкупниот број предвидени предмети)
  • Четири изборни предмети утврдени со студиската програма според семестри на студирање ( 30% од вкупниот број предвидени изборни предмети од листата на Економски факултет -Скопје)
  • Два изборни предмети(10% од вкупниот број предвидени предмети) од Листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.

Образовни цели

  1. Да обезбеди теоретска основа и практични вештини за осознавање и разбирање на барањата на извонредно комплексното и глобално сметководствено окружување;
  2. Да запознае со основните принципи на организацијата, различните пристапи на менаџмент контрола и современите методи и техники за интерно известување за резултатите на сметководството за менаџментот; 
  3. Осознавање на природата, содржината и формата на екстерното известување и одговорноста на раководството пред сопствениците и останатите корисници на финансиски информации (државните и регулаторни органи, кредиторите, деловните партнери, вработените, невладини и непрофитни организации и тн.);
  4. Помогне во разбирање на улогата на ревизорската професија во зголемување на кредибилитетот на финансиските извештаи на компаниите, државните претпријатија и институции, како и разбирање на нејзиниот придонес за подобрување на контролата и користењето на ресурсите;
  5. Да обезбеди дополнителни знаења од областа на финансиите и финансирањето на претпријатијата како и имплементацијата и користењето на компјутерски апликации за цели на екстерно и интерно известување.

Професионални цели

  1. Високо и специјализирано образование на кадар кој е заинтересиран за изградба на кариера во доменот на финансиското известување согласно барањата на МСФИ, ревизијата на финансиските извештаи на компаниите, интерната ревизија во банки и други финансиски и нефинансиски организации, државната ревизија, менаџмент, финансиски и даночен консалтинг, како и  останати професионални сметководствени услуги.
  2. Полесен пристап до членство во сметководствената и ревизорска професија во домашни и меѓународни рамки преку компатибилност на програмата со барањата на меѓународните образовни стандарди.

Во согласност со мисијата и целите на студиската програма од втор циклус студии по Сметководство и ревизија, студентите ќе се стекнат со следните генерички компетенции:

  • Способност за анализа, синтеза и критично истражување на податоци, факти и изнаоѓање на најповолно решение;
  • Способност за поврзување на теоретското и практичното знаење;
  • Способност за читање, разбирање и правилно толкување на меѓународната професионална регулатива;
  • Способност за применување и дејствување во согласност со меѓународната професионална регулатива и етика;
  • Сочинување на финансиски извештаи на сите компании, приватен и јавен сектор, како дел од нивните законски обврски.

Поконкретно, студентите ќе се стекнат и со следните специфични компетенции:

  • Сочинување на финансиски извештаи на ентитети од приватниот сектор во согласност со Меѓународните сметководствени стандарди и Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување;
  • Сочинување на финансиски извештаи на единици од јавниот сектор во согласност со Меѓународните Сметководствени Стандарди за Јавен Сектор;
  • Сочинување на различни интерни извештаи и анализи во согласност со стратегијата на компаниите со цел донесување на правилни одлуки;
  • Анализирање на финансиските извештаи во насока на носење одлука било за кредитирање или за инвестирање во одредени компании;
  • Вршење ревизија на компании кои се обврзани со закон;
  • Вршење државна ревизија во сите корисници на Буџетот и единици на локална самоуправа;
  • Успешно водење на финансиите на ентитетите и носење на правилни финансиски одлуки;
  • Мерење на успешноста на ентитетите, нивната профитабилност и рентабилност давајќи насоки и препораки за подобрување на истите;
  • Користење на информативни системи како составен дел на современите трендови во сметководството;
  • Испитување на измами во рамките на ентитетите;
  • Воспоставување на сисием на интерни контроли и следење на нивното функционирање и давање препораки за нивно подобрување.

 Способност за проценка:

  • Способен е да набљудува и идентификува важни состојби и трендови во интерното и екстерното окружување на претпријатието, да анализира и синтетизира и извлекува заклучоци за анализираните состојби и појави.
  • Развивање и унапредување на способности за тимска работа, способност за лидерство и комуникација применливи во различни претпријатија и ситуации;
  • Способен е да ги идентификува информационите потреби и  да  управува со информациите и знаењето во организациите со цел унапредување на ефикасноста и ефективноста во работењето и создавање на конкурентски предности.

Комуникациски вештини

  • Способен и да комуницира со идеи и да се усогласува во тимска работа;
  • Способен е за проценување и презентирање информации врз основа на добиените резултати.

Вештини на учење:

  • Способен е за успешно совладување на теоретските концепции, да аплицира техники и методологии во специфични научни подрачја и да ги идентификуваат потребите за натамошно надградување на стекнатото знаење;
  • Поседува способност да партиципира во групни дискусии, критички да анализира теоретски и практични аспекти од работењето на претпријатијата, да изработува и да ги презентира изработените проекти;
  • Способен е знаењето да го изрази преку одговарање на различни типови прашања и да анализира конкретни студии на случај од бизнис практиката

Квалификација која се стекнува: Магистер по економски науки – сметководство и ревизија.

Зимски семестар – прв семестар
Код Предмет Наставник Број на часови ЕКТС
ACC 511 Екстерно известување Проф. д-р Атанаско Атанасовки 40 7
ACC 513 Ревизија Проф. д-р Зорица Божиновска-Лазаревска 40 7
FIN 210 Финансиски пазари и институции Проф. д-р Кирил Јовановски 40 8
ACC 330 Корпоративно финансиско известување Проф. д-р Атанаско Атанасовки 40 8
Летен семестар – втор семестар
Код Предмет Наставник Број на часови ЕКТС
ACC 310 Управувачко сметководство Проф. д-р Марина Трпеска 40 8
ACC 430 Интерна ревизија Проф. д-р Зорица Божиновска-Лазаревска 40 8
Изборен предмет од Економски факултет 1* 7
Изборен предмет од Економски факултет 2* 7
Листа на слободни изборни предмети од модул 5 на Економски факултет – Скопје Зимски семестар – трет семестар
Код Предмет Наставник Број на часови ЕКТС
ACC 514 Анализа на финансиски извештаи Проф. д-р Зоран Миновски 40 7
АСС 512 Стратегиско сметководство на менаџментот Проф. д-р Марина Трпеска 40 7
Изборен предмет од Економски факултет 3* 7
Изборен предмет од Листа на УКИМ 1** 7
Изборен предмет од Листа на УКИМ 2** 2
* Листа на слободни изборни предмети од модул 5 на Економски факултет – Скопје ** Листата на предмети утврдени од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Летен семестар – четврт семестар
Код Предмет Наставник Број на часови ЕКТС
Изборен предмет од Економски факултет* 40 8
Теренска настава 40 6
Магистерски труд 16
Листа на слободни изборни предмети од модул 5 на Економски факултет – Скопје
Изборни предметни програми од листата на слободни предметни програми на Економски Факултет – Скопје
Код Предмет Наставник Број на часови ЕКТС
ACC 515 Мерење на резултати Проф. д-р Марина Трпеска 40 7
ACC 516 Сметководствени информациони системи и технологии Проф. д-р Зоран Миновски 40 7
ACC 517 Државна ревизија Проф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска 40 7
ACC 518 Испитување на измами Проф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска 40 7
ACC 519 Финансиски менаџмент Проф. д-р Сашо Арсов Проф. д-р Александар Наумовски 40 8
ACC 520 Корпоративно управување Проф. д-р Љубомир Дракулевски 40 8
MGT 130 Организациско однесување Проф. д-р Љубомир Дракулевски 40 8
MGT 240 Менаџмент на човечки ресурси Проф. д-р Љупчо Ефтимов 40 8
MST 310 Осигурување Проф. д-р Игор Ивановски 40 8
ECN 310 Економија на инвестиции Проф. д-р Александар Наумовски 40 8
АCC 521 Оданочување Доц. д-р Сузана Макрешанска 40 7
FIN 410 Банкарски менаџмент Проф. д-р Горан Петревски 40 8
АCC 522 Сметководство за државни и непрофитни организации Проф. д-р Зоран Миновски 40 7
АCC 523 Даночно сметководство Проф. д-р Атанаско Атанасовски 40 7
Изборни предметни програми од листата на предметни програми на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје
Код Предмет Наставник Број на часови ЕКТС
Предмет од Листата на УКИМ 40 7
Предмет од Листата на УКИМ 10 2
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.