(05 -20.02.2024, од 10,30-14,00 ч)
1. ЗАВЕРКА на ЗИМСКИОТ семестар, 2023/2024
Потребни документи:
- Образец за заверка на семестар
Студентите кои ги положиле сите предвидени испити заклучно со Јануарската сесија, 2023/2024, заверката на семестарот ќе ја направат со поднесување на дипломскиот труд и барањето за одбрана на дипломски труд.
2.УПИС НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР (задолжителен on-line упис за предмети од летен семестар)
Уписот е комплетен само со поднесување на потребните документи во службата
На веб-от на факултетот е објавен Распоредот за настава и вежби.
При запишувањето на изборните предмети, консултирајте го Распоредот за настава заради правилен избор на летни изборни предмети каде што нема преклопување на наставатa или вежбите.
Потребни документи за упис на летен семестар 2022/2023
1. Образец за упис на семестар
2. Потврда за уплата на втора рата од партиципација (зависно од квотата на која студентот припаѓа и бројот на кредити кои ги запишува) во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје
– Банка на примачот: НБРМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41.
3. Потврда за уплата на 1.400,00 денари (втора рата) за: книжен фонд, користење на е-услуги и е-платформи, штети, тетратки, шифрарници за писмен испит, студентски интернет центар. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Буџет на РМ – ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје
– Банка на примачот: НБРМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10
– Приходна шифра: 723013
– Програма 41
4. Доказ (во индекс) за извршен систематски преглед (само за студентите од прва година)
Заверката на зимскиот семестар НА ШАЛТЕР и упис на запишаниот летен семестар ВО ИНДЕКС (исто така НА ШАЛТЕР) ке се одвива согласно следниот распоред:
ПРВА ГОДИНА: 05 – 06.02.2024
ВТОРА ГОДИНА: 07 – 09.02.2024
ТРЕТА ГОДИНА: 12 – 14.02.2024
ЧЕТВРТА ГОДИНА: 15 – 20.02.2024
Не придржување кон дадениот распоред повлекува надомест за не навремена заверка/упис на семестар