Премостување на јазот: „нетрадиционалните“ студиски програми и иднината на одржливост на внатрешната ревизија

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека е отворен повик за учество во студентска фокус група во рамки на проектот Премостување на јазот: „нетрадиционалните“ студиски програми и иднината на одржливост на внатрешната ревизија“. Без разлика дали студирате економија, е-бизнис, финансии, маркетинг, менаџмент и претприемништво, меѓународна трговија или сметководство и ревизија, ова претставува можност да се запознаете со значењето и улогата на внатрешната ревизија, како и кариерните можности кои професијата ги нуди. 

Со проектот се предвидени учество во серија на тематски работилници водени од експерти, теоретски и практични сознанија, посета на сектор за внатрешна ревизија во реномирана компанија и истражувачки натпревар. Проектот ќе заврши со свечен настан (коктел) на кој ќе бидат доделени сертификати.

Не ја пропуштајте оваа можност да ги подобрите своите вештини и да ги проширите хоризонтите во кариерата!

Рок за пријавување: 29.02.2024 година

Линк за пријавување: https://forms.gle/1zh5xhmNCvhy2ykj8

(или преку скенирање на QR кодот)

Проектот е организиран од страна на Катедрата за сметководство и ревизија при Економскиот факултет – Скопје, УКИМ и финансиски поддржан од страна на Internal Audit Foundation’s Academic Fund при Institute of Internal Auditors (IIA Global), со седиште во Флорида, САД.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.