fbpx
Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Истражувачки вебинар „Современи научно-истражувачки методи во корпоративниот финансиски менаџмент“

јуни 10, 2021 @ 17:30 - 19:00

Општо за вебинарот

Истражувачкиот вебинар во организација на катедрата по Менаџмент во соработка со студиумот за втор циклус по Корпоративен финансиски менаџмент има за цел развој на истражувачките способности на студентите, како и развој на академски вештини за пишување и презентација на научно-истражувачки трудови, во областа на корпоративните финансии. Овој вебинар ќе придонесе кон 1) проширување на знаењето на студентите за филозофијата и методите на истражување, со фокус на истражувањето во корпоративните финансии; 2) развој на писмените комуникациски вештини како неопходен дел од развојот на академската кариера; oвие вештини вклучуваат планирање, структурирање, пишување и форматирање на трудот; 3) крајната цел е развој на специјални истражувачки методологии во корпоративните финансии.

 

За кого е наменет?

Овој вебинар е наменет за сите тековни студенти на Економскиот факултет – Скопје, пред сè студентите на втор циклус (магистерски) студии и трет циклус (докторски) студии, како и сите кои сакаат да го продлабочат своето знаење и да развијат вештини во квантитативните методи за истражување во корпоративните финансии.

 

Онлајн настанот ќе се одржи на следниот линк. ( https://meet.google.com/xsd-fafi-drs )

Сите заинтересирани се добредојдени да ни се приклучат!

Ве очекуваме.

 

Со почит,

Економски факултет – Скопје, УКИМ

Details

Date:
јуни 10, 2021
Time:
17:30 - 19:00
Comments are closed.