Дипломираниот економист од областа на маркетингот ги познава основите економски законитости и појави и владее со техники за анализа на процесите и состојбите, како и предлагање и избор на решенија за согледаните проблеми.
СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ:
Дипломираниот економист од областа на маркетингот се оспособува за примена на техники за управување со маркетинг активностите на компаниите, т.е. со управување на производот, цената, дистрибуцијата и промоцијата. Дополнително, дипломираниот економист од областа на маркетингот се оспособува за примена на методи за истражување на пазарот, однесувањето на потрошувачите и на маркетинг инструментите. Според тоа, работните места на кои овие кадри можат да се вработуваат се компаниите од приватниот и јавниот сектор, јавните установи и јавната управа, граѓанските здруженија и други институции.
Општи и специфични дескриптори на квалификацијата
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
Знаење и разбирање:
Примена на знаењето и разбирањето:
Способност за проценка:
Комуникациски вештини:
Вештини на учење:
| Прва година задолжителни предмети | ||||
| Ред. бр. | Шифра | Предмет | Часови | ECTS |
| Зимски семестар | ||||
| 1 | ECN 110 | Основи на економијата | 6+0 | 8 |
| 2 | MST 110 | Математика за економисти | 4+2 | 8 |
| 3 | АCC 110 | Основи на сметководство | 4+2 | 8 |
| Летен семестар | ||||
| 4 | MST 120 | Статистика за бизнис и економија | 4+2 | 8 |
| Втора година задолжителни предмети | ||||
| Зимски семестар | ||||
| 5 | MGT 210 | Основи на менаџмент | 6+0 | 8 |
| 6 | MKT 210 | Основи на маркетинг | 4+2 | 8 |
| 7 | MKT 220 | Однесување на потрошувачите | 4+2 | 8 |
| Летен семестар | ||||
| 8 | MKT 230 | Управување со маркетинг каналите | 4+2 | 8 |
| Трета година задолжителни предмети | ||||
| Зимски семестар | ||||
| 9 | MKT 310 | Маркетинг менаџмент | 4+2 | 8 |
| 10 | MKT 320 | Интегрирани маркетинг комуникации | 4+2 | 8 |
| 11 | MKT 340 | Управување со производот | 4+2 | 8 |
| 12 | MGT 390 | Финансиски менаџмент | 6+0 | 8 |
| Летен семестар | ||||
| 13 | MKT 330 | Политика на цени | 4+2 | 8 |
| 14 | EBU 220 | Интернет маркетинг | 4+2 | 8 |
| Четврта година задолжителни предмети | ||||
| Зимски семестар | ||||
| 15 | MKT 410 | Маркетинг истражување | 4+2 | 8 |
| 16 | MKT 420 | Меѓународен маркетинг | 4+2 | 8 |
| 17 | MGT 320 | Менаџмент информациони системи | 6+0 | 8 |
| Летен семестар | ||||
| 18 | MKT 430 | Маркетинг на услуги | 4+2 | 8 |
| 19 | MGT 430 | Деловно комуницирање | 4+2 | 8 |
| Дипломска работа | 3 | |||
Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани