Во рамките на министерската конференција „Обезбедување квалитет во високото образование – трендови и случувања во ЕУ и Западен Балкан“, во организација на Министерството за образование и наука во соработка со Секретаријатот на иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа – ERI SEE, Министерот за образование на Црна Гора, г-дин Миомир Војиновиќ, Ректорката на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф.д-р Биљана Ангелова и останатите учесници на конференцијата, денес беа во посета на Економскиот факултет – Скопје, пречекани од страна на Деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф.д-р Предраг Трпески. За време на посетата ги разгледаа капацитетите со кои располага Економскиот факултет – Скопје, односно амфитеатри, предавални, компјутерски лаборатории, студентски центар, библиотеката и читалната на факултетот.