Посета на EY Macedonia од страна на студенти од Департманот за Сметководство и ревизија

На 02 ноември 2023 година, 15 успешни студенти од департманот за Сметководство и ревизија, заедно со проф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска и асист. м-р Иван Дионисијев имаа привилегија да ги посетат новите и современи канцеларии на EY Macedonia. Посетата беше позитивно искуство за студентите, а EY Macedonia покрај презентација на компанијата и работата, им понуди пријатен здрав појадок и кафе, поставувајќи идеална атмосфера за настанот. Топлото добредојде и опуштената атмосфера создадоа чувство на припадност кај студентите и тие имаа можност да ја почувствуваат работната средина на EY и да дознаат за сите можности кои компанијата ги нуди.

Организираниот настан е прв од овој вид за студентите од департманот за сметководство и ревизија. Како дополнување на традиционалниот начин на учење од гости предавачи во областа, овој неформален собир успеа да им даде на студентите увид во светот на ревизијата во една од водечките компании во индустријата. 

Катедрата за сметководство и ревизија изразува голема благодарност до EY Macedonia за нивното топло гостопримство и надеж за создавање на редовна практика на настани од овој вид во иднина.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.