Склучен меморандум за соработка со Организација на работодавачи на Македонија – ОРМ

Вчера, Деканот на Економскиот факултет-Скопје, проф. д-р Предраг Трпески одржа состанок со претседателката, г-ѓа Владанка Трајкоска и претставници на Организација на работодавачи на Македонија – ОРМ, на кој се склучи Меморандум за соработка помеѓу двете страни за работи од заеднички интерес:

– Презентирање на практични проблеми, решенија, предизвици и можности за студентите на Факултетот
– Реализирање на практична настава за студентите на Факултетот
– Организирање работилници и конференции од взаемен интерес
– Учество на лица од организацијата како експерти од практиката
– Можност за взаемна промоција
– Взаемно учество на проекти
 

На состанокот се разговараше и за начинот на реализирање на соработката, како и за координација и реализација на прашања поврзани со остварување на целите на двете страни.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.