Раководител: проф. д-р Лидија Пулевска-Ивановска
Секретар: проф. д-р Марина Мијоска Белшоска
Оделение за студентски прашања: 02/3286-829
Мисијата на студиската програма по Е-бизнис менаџмент е едуцирање на високо-образовни стручни кадри кои ќе ги следат и применуваат технолошките иновации и ИКТ во економијата и бизнисот, како и оспособување на професионалци од областа на е-бизнисот за управување и решавање на истражувачки и апликативни проблеми во е-бизнис окружување. Трендовите на функционирање на модерното бизнис окружување и неговите потреби создаваат потреба од нови дигитални вештини, кои ќе се развијат врз основа на користењето на информациско-комуникациските технологии. Дигиталната трансформација на организациите става акцент на е-бизнисот, при што е потребен високо-обучен кадар од оваа област на стратешко ниво за успешно функционирање.
Студиската програма од втор циклус студии по Е-бизнис менаџмент која се предлага со овој елаборат има за цел да им овозможи на студентите стекнување на специјализирани знаења и вештини од областа на е-бизнисот и развој на аналитички и менаџерски способности неопходни за успешно управување на претпријатијата во глобално дигитализирано окружување. Преку трансфер на искуства за современите светски практики на водење на е-бизнис, студентите на академските магистерски студии по Е-бизнис менаџмент ќе бидат оспособени успешно да управуваат конкурентни претпријатија од приватниот и од јавниот сектор во услови на интезниво користење на ИКТ.
Подготовката на студиската програма е базирана на детална анализа на пазарните индикатори, како и потребите на општеството на локално ниво и глобално ниво. Студиската програма е структуирана со цел да овозможи стекнување на релевантни знаења, вештини и квалификации од пошироката област на е-бизнисот, како и да овозможи висока специјализација на кадри според потребите на пазарот. Имплементацијата на е-бизнис решенија на пазарот покажува значителен раст, особено во последните неколку години преку настани на светско ниво кои ја поттикнаа потребата за забрзана дигитална трансформација на организациите.
Преку студиската програма ќе се овозможи продлабочување на постоечките знаења на студентите од областа на е-бизнисот, како и квалификување за новите работни места на пазарот базирани на бизнис ИКТ технологии, преку стекнување на нови компетенции и специфични вештини. Трендот на раст на е-бизнисот се очекува да продолжи со стабилен раст во иднина, при што побарувачката за овие кадри се очекува да се зголеми.
Со комплетирањето на студиската програма, магистрираните студенти уживат голем број на предности на пазарот на труд, базирајќи се на нивната специјализација за ново и модерно поле, кое ќе им овозможи и понатамошен развој во кариерата.
Код | Назив на наставниот предмет | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
---|---|---|---|---|---|
П | В | ||||
ПРВА ГОДИНА | |||||
ПРВ СЕМЕСТАР | |||||
EBU 560 | Бизнис информациски системи | Прв | 24 | 16 | 6 |
EBU 550 | Менаџмент на синџирот на снабдување | Прв | 24 | 16 | 6 |
Изборен предмет од Економски факултет* | Прв | 24 | 16 | 9 | |
Изборен предмет од Економски факултет* | Прв | 24 | 16 | 9 | |
ВТОР СЕМЕСТАР | |||||
EBU 580 | Оперативна стратегија | Втор | 24 | 16 | 6 |
EBU 570 | Големи податоци и корисничко искуство | Втор | 24 | 16 | 6 |
EBU 540 | Глобални информациски инфраструктури | Втор | 24 | 16 | 6 |
EBU 530 | Интернет маркетинг апликации и алатки | Втор | 24 | 16 | 6 |
EBU 520 | Е-влада | Втор | 24 | 16 | 6 |
ТРЕТ СЕМЕСТАР | |||||
EBU 510 | Дизајнирање на бизнис процеси | Трет | 24 | 16 | 6 |
EBU 5901 | Примена на научно-истражувачкиметоди во електронскиот бизнис | Трет | 24 | 16 | 6 |
Изборен предмет од Економски факултет* | Трет | 24 | 16 | 9 | |
Изборен предмет од Економски факултет* | Трет | 24 | 16 | 9 | |
ЧЕТВРТ СЕМЕСТАР | |||||
EBU 5902 | Бази на податоци за бизнис | Четврт | 24 | 16 | 6 |
EBU 5903 | Менаџмент на односи со потрошувачи | Четврт | 24 | 16 | 6 |
EBU 5904 | ЕРП системи | Четврт | 24 | 16 | 6 |
Магистерски труд | 12 |
Код | Назив на предметот | Семестар | Неделен фонд на часови | ЕКТС | |
---|---|---|---|---|---|
П | В | ||||
EBU 5911 | Информациони технологии | Прв | 24 | 16 | 9 |
EBU 5909 | Аналитика на бизнис податоци | Прв | 24 | 16 | 9 |
EBU 5912 | Е-бизнис дистрибутивни канали | Прв | 24 | 16 | 9 |
EBU 5908 | Дигитална економија | Прв | 24 | 16 | 9 |
EBU 5905 | Маркетинг преку социјални медиуми | Трет | 24 | 16 | 9 |
EBU 5907 | Дигитални иновации | Трет | 24 | 16 | 9 |
EBU 5906 | Дизајн и развој на веб | Трет | 24 | 16 | 9 |
EBU 5913 | Модерни технологии за е-бизнис | Трет | 24 | 16 | 9 |
EBU 5910 | Програмирање на бизнис апликации | Трет | 24 | 16 | 9 |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани