Со студиската програма по Финансиски менаџмент (денес Финансии) студентите ќе се стекнат со неопходни теоретски знаења и практични вештини за успешно работење во финансиските институции во приватниот и во јавниот сектор, како и за извршување на финансиската функција во претпријатијата во реалниот сектор.
Конкретно, основни цели на студиската програма по Финансии:
Во периодот по економското осамостојување, финансискиот сектор се покажа како еден од најпропулзивните дејности во стопанската структура, забележувајќи исклучително динамичен развој. Во таа смисла, слободно може да се каже дека реформите во финансискиот сектор заземаа едно од централните места во трансформацијата на македонската економија и изградбата на пазарно-заснован економски систем. Така, економското осамостојување започна со процесот на изградба на независен монетарен систем (воведување сопствена валута, централна банка и монетарна политика), а потоа следуваше процесот на рехабилитација на банкарскиот сектор. Во последниве години, забележителен е напредокот во останатите сегменти на финансискиот сектор, т.е. појавата на нови финансиски институции (брокерски куќи, инвестициски фондови, финансиски друштва, друштва за управување со пензиски фондови итн.) и нови финансиски инструменти (државни записи, еврообврзници, корпоративни обврзници, удели во инвестициски фондови итн.). Истовремено, во поново време се засилува и трендот на поголемо интегрирање на македонските финансиски пазари во глобалните финансиски текови. Сето тоа ја наметнува потребата од студиски програми кои ќе понудат продлабочени знаења за карактеристиките на финансиските инструменти и за функционирањето на финансиските пазари и институции.
Студиската програма по Финансии обезбедува создавање компетентни кадри кои ќе бидат оспособени да одговорат на барањата на финансиските институции од приватниот и од јавниот сектор. Во тој поглед, искуството покажува дека постои силно изразена и перманентна побарувачка за специјализирани кадри од областа на финансиите, кои релативно лесно наоѓаат вработување во повеќе финансиски институции, како што се: банките, инвестициските фондови, брокерските куќи, како и во соодветни државни институции (министерството за финансии, централната банка, банката за поддршка на развојот, агенцијата за супервизија на осигурителните друштва итн.).
Според кадровската профилираност, дипломираните студенти на оваа студиска програма ќе стекнат способности и квалификации за анализа и практична примена на: анализа на поединечните видови хартии од вредност и на портфолијата од хартии од вредност; примена на одделни стратегии за тргување со хартии од вредност, анализа на финансиските извештаи на претпријатијата, оцена на инвестициските проекти на претпријатијата, анализа на спојувањата и преземањата на претпријатијата, раководење со ликвидносниот ризик на претпријатијата и на финансиските институции, мерење и раководење со пазарниот ризик на финансиските институции, мерење, анализа и раководење со кредитниот ризик на финансиските институции, раководење со средствата на небанкарските финансиски институции, изработка на даночни анализи, подготовка и анализа на буџетите на централната и на локалната власт, финансирање на меѓународната трговија итн.
Дипломираниот економист по финансиски менаџмент ги познава основите економски законитости и појави, особено во областа на финансиите, и владее со техники за анализа на процесите и состојбите, како и предлагање и избор на решенија за согледаните проблеми.
СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ:
Дипломираниот економист на департманот по финансиски менаџмент се оспособува за примена на техники и алатки за анализа и предвидување на финансиските текови, како и за управување со финансиите во финансиските институции, нефинансиските трговски друштва и со јавната администрација.
Општи и специфични дескриптори на квалификацијата
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
1) Знаење и разбирање
2) Примена на знаењето и разбирањето
3) Способност за проценка
Покажува способност за оценка и избор на научни теории кои во своите рамки даваат одговор и препораки за движењето на финансиските појави во иднината.
4) Комуникациски вештини
5) Вештини на учење
Прва година задолжителни предмети | ||||
Р.бр. | Шифра | Предмет | Часови | ECTS |
Зимски семестар: | ||||
1 | ECN 110 | Основи на економијата | 6+0 | 8 |
2 | MST 110 | Математика за економисти | 4+2 | 8 |
3 | АCC 110 | Основи на сметководство | 4+2 | 8 |
Летен семестар: | ||||
4 | MST 120 | Статистика за бизнис и економија | 4+2 | 8 |
Втора година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | ACC 210 | Финансиско сметководство | 6+0 | 8 |
2 | ECN 210 | Макроекономија | 6+0 | 8 |
3 | FIN 230 | Јавни финансии | 6+0 | 8 |
Летен семестар: | ||||
4 | FIN 210 | Финансиски пазари и институции | 6+0 | 8 |
5 | FIN 220 | Монетарна економија | 6+0 | 8 |
Трета година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | FIN 390 | Финансиски менаџмент | 6+0 | 8 |
2 | FIN 310 | Меѓународни финансии | 6+0 | 8 |
3 | FIN 330 | Лични финансии | 6+0 | 8 |
Летен семестар: | ||||
4 | FIN 340 | Менаџмент на финансиски институции | 6+0 | 8 |
5 | FIN 320 | Банкарство | 6+0 | 8 |
Четврта година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | INT 430 | Монетарна и фискална политика во ЕУ | 6+0 | 8 |
2 | FIN 410 | Банкарски менаџмент | 6+0 | 8 |
3 | MST 320 | Квантитативни методи во финансии | 4+2 | 8 |
Летен семестар: | ||||
4 | FIN 420 | Хартии од вредност и портфолио менаџмент | 6+0 | 8 |
5 | FIN 430 | Локални финансии | 6+0 | 8 |
Информација за еквиваленција на положени испити според старите наставни програми може да се види ОВДЕ.
Според Акредитацијата на Наставниот план 2008/2009, во текот на студирањето студентот треба да положи 23 задолжителни и минимум 8 изборни предмети и притоа да освои минимум 240 кредити.
Наставниот план 2008/2009 за департманот финансиски менаџмент може да се симне од следниов ЛИНК
Според Акредитацијата на Наставниот план 2012/2013, во текот на студирањето, студентот треба да положи 19 задолжителни предмети (60% од вкупниот број на предмети), 9 изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет (30% од вкупниот број на предмети), а останатите 3 изборни предмети студентите ги бираат од листата на предмети на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, на која се вклучени и предмети на Економскиот факултет (10% од вкупниот број на предмети).
Студентите од прва година одбираат изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет, кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 како прв (пример шифра MGT 120), студентите од втора година одбираат предмети кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 и / или 2 како прв (пример шифра MGT 240 и/или MGT 120), итн.
Наставниот план 2012/2013 за департманот финансиски менаџмент може да ја видете на следниов ЛИНК
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани