fbpx

Одбележување на доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2021 година

 
Денес, со почеток во 12.00 часот, се одбележува доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2021 година, настан кој традиционално се одржува на Економскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Настанот е посветен на доделувањето на Нобеловата награда од областа на економските науки за 2021 година на американските економисти: Дејвид Кард (David Card), Џошуа Ангрист (Joshua Angrist) и Гвидо Имбенс (Guido W. Imbens), а свое обраќање ќе имаат:
 
Обраќање на Проф. д-р Предраг Трпески, Декан на Економски факултет – Скопје
Акад. Таки Фити
Значењето на Нобеловата награда за економија и општиот придонес на Нобеловците за економија за 2021 година
Проф. д-р Предраг Трпески
Придонесот на нобеловецот Дејвид Кард за економската наука
Проф. д-р Владимир Филиповски

Придонесите на нобеловците Џошуа Ангрист и Гвидо Имбенс за економската наука

 
Со почит,
Економски факултет – Скопје
 
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.