Свечена „мини“ промоција на најдобрите дипломирани студенти кои дипломирале во академската 2020/2021

 
На 15 ноември 2021 година се одржа свечена „мини“ промоција на најдобрите дипломирани студенти на прв циклус студии-кои дипломирале во академската 2020/2021 година, како и на студентите кои магистрирале на втор циклус студии во академската 2020/2021 година.
Деканот проф. д-р Предраг Трпески им ги врачи дипломите на најдобрите 5 студенти во генерацијата запишани во 2017/2018 година:
 
1. Теа Јосимовска се запишала на Економскиот факултет – Скопје во учебната 2017/2018 година на деп. Финансиски менаџмент.
Во текот на студирањето остварила просечен успех од 9,91.
На 07.07.2021 год. го одбранила дипломскиот труд под наслов „Анализа на карактеристиките на портфолио од хартии од вредност котирани на Македонската берза во однос на МБИ10“ под менторство на проф.д-р Кирил Јовановски
 
2. Мери Мицевска се запишала на Економскиот факултет – Скопје во учебната 2017/2018 година на деп. Е-бизнис.
Во текот на студирањето остварила просечен успех од 9,91.
На 06.10.2021 год. го одбранила дипломскиот труд под наслов „ Shop on the Spot – мобилна апликација за наоѓање артикли преку слика или текст “ под менторство на проф.д-р Мијалче Санта
 
3. Панајота Гушкова се запишала на Економскиот факултет – Скопје во учебната 2017/2018 година на деп. Е-бизнис.
Во текот на студирањето остварила просечен успех од 9,81.
На 08.07.2021 год. го одбранила дипломскиот труд под наслов „Трендови во модната индустрија: брза мода наспроти оддржлив развој“ под менторство на проф.д-р Лидија Пулевска Ивановска.
 
4. Ана Ѓорѓевска се запишала на Економскиот факултет – Скопје во учебната 2017/2018 година на деп. Финансиски менаџмент.
Во текот на студирањето остварила просечен успех од 9,81.
На 09.09.2021 год. го одбранила дипломскиот труд под наслов „Одговорот на Европската Централна банка на ковид-19 кризата“ под менторство на проф.д-р Ѓорги Гоцков.
 
5. Бојан Китановиќ се запишал на Економскиот факултет – Скопје во учебната 2017/2018 година на деп. Сметководство и ревизија.
Во текот на студирањето остварил просечен успех од 9,81.
На 09.09.2021 год. го одбранил дипломскиот труд под наслов „Иднината на работата: чекорење во новата дигитална ера“, под менторство на проф.д-р Кирил Постолов
 
Комисијата за избор на најдобар дипломски труд (во состав: проф.д-р Владимир Филиповски, проф.д-р Ежени Брзовска и проф. д-р Атанаско Атанасовски) прогласија 2 труда за најдобари дипломски трудови одбранети во учебната 2020/2021 на кандидатите:
Бојан Китановиќ, со наслов „Иднината на работата: Чекорење во новата дигитална ера“, под менторство на проф.д-р Кирил Постолов
И
Ангел Пејковски, со наслов „ХендиАnn апликација“, под менторство на проф.д-р Димитар Јовевски
 
Деканот проф. д-р Предраг Трпески им ги врачи дипломите и на останатите најдобри студенти на прв циклус студии односно:
 
Суденти со просек над 9,50:
Јосимовска Ана
Радовски Игор
Пужовски Стефан
Тодоровска Дајана
Кочоска Мартина
Кичукова Драгана
Димовска Рената
 
Студенти со просек над 9,00:
Чиљафи Мајљинда
Спасовска Сандра
Бандоска Весна
Михајловска Ана
Костовски Мартин
Милевски Александар
Балтоска Маринела
Талески Цветанчо
Петровска Анастасија
Муслиоска Сара
Спирески Горан
 
На настанот беа промовирани и студентите кои магистрирале на втор циклус студии во академската 2020/2021 година, односно:
Ивана Џаревска
Кристијан Кожески
Ѓунтер Мерџан
Андреј Мајнов
Бранко Кордовски
Ангела Ќовкароска
Гоце Ефтимов
Димитар Таневски
Марко Ташков
Сабина Мехмедовиќ
Магдалена Забазновска
Александра Спасеска
Сухеља Хасалари
Александар Давчев
Филип Пеовски
Филип Ѓурчески
Кристина Петровска
Менде Мицевски
Горан Христовски
Љубица Манчева
Мартин Катиќ
Станка Дучкова
Игор Србиноски
Марија Петревска
Лилјана Тофилоска
Тодор Тоцев
Тијана Миљковиќ
Алмедин Тариќ
 
Со искрени честитки за понатамошни успеси!!!
Економски факултет – Скопје
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.