fbpx

Одбележување на доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2019 година

Нобеловата награда за економија за 2019 година ја добија Абиџит Банерџи (Abhijit Banerjee), Естер Дифло (Esther Duflo) и Мајкл Кремер (Michael Kremer).

Агендата на настанот е следната:

 

13:00 часот Обраќање на Деканот на Економски факултет – Скопје Проф. д-р Предраг Трпески

13:05 часот “50 години од доделувањето на првата Нобелова награда за економија“ Проф. д-р Трајко Славески

13:20 часот „Економија на сиромаштијата: гладни сенки на општествената периферија“ Академик Гоце Петрески

13:40 часот Придонесите на Нобеловците по економија за 2019 година за развојната економија и економските политики за справувањето со проблемот на сиромаштијата“

Проф. д-р Владимир Филиповски

Настанот ќе се одржи на 13 ноември 2019 година со почеток во 13 часот во Амфитеатар 2 на Економскиот факултет – Скопје.

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.