Деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф. д-р Мијалче Санта одликуван со престижниот орден Витез на академските палми

🎓 Со гордост споделуваме!

Деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф. д-р Мијалче Санта, на 14 април го доби престижното одликување Витез од Редот на академските палми, врачено од страна на амбасадорот на Француската Република.
Ова значајно признание претставува потврда за неговиот придонес во унапредувањето на академската соработка помеѓу Франција и Северна Македонија 🇫🇷🇲🇰, како и за неговата посветеност во промоцијата на францускиот јазик и култура.

Воедно, одликувањето е признание и за неговата активна улога во мрежата на македонски алумни од француското високо образование.

👏 Честитки за ова високо меѓународно признание!
Comments are closed.
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.